@Josifovski,јас имам учествувано на повеќето натпревари организирани од Народна Техника.Идам,дури од 5-то одделение,тоа е околу 8 години.Најдобро ти е да си изработиш твој уред,тоа значи,ќе направиш свој уред(склоп),подобро ти било да е со некој микроконтролер,кодот да е твое дело,шемата,плочката...Тоа што сам ќе го започнеш од "нула" повеќе го ценат тој труд,отколку труд кој си го украл од некое списание или интернет!За идеја пак,има безброј:часовници,ЛЕД коцки...јас сега работам на ЛЕД RGB глобус,во последната година од средно освоив 2-ро место со ЛЕД глобус...окото на комисијата освен што ќе е твое дело,највеќе им привлекува внимание ако уредот(склопот) свети или трепка.Ова повеќе пати го имам слушнато од искусните и точно е.