Author Topic: Проблем со лаптоп Toshiba Satellite C850-126  (Read 1276 times)

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
Проблемот со лаптопот е во тоа што е скршена пластиката каде што се заштрафуваат штрафовите за држачите на екранот. Пред неколку месеци тоа го отклонив со лепење на зафртките со епоксидна смола т.е двокопонентен лепак но не издржа за долго. Прашањето ми е каде може да се најде окоп за овој тип на лаптоп.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Познавајќи ја ова проблематика многу тешко да најдеш пластика и баклами.Во овој случај најдобро ке поминеш да дадеш оглас и да си купиш некој стар расипан лап топ.Иначе,јас работам со BISON 5 мин. двокомпонентен лепак кој лепи за 5 мимути ( така е рекламиран),ама го оставам спојот барем 2-3 часа да *легне*.Треба добро чистење на местото кое се лепи.Зависи како е скршен ,ама во 85% случаи лепењето е успешно.

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
А со што го вршиш чистењето на местото каде што треба да се стави овој лепак, и колкава е цената на Bison.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
И јас користам Bison епоксид за лепење разни материјали, ама 24-часовната верзија, спојот е нешто поцврст, со тоа што треба да чекаш еден цел ден да се стегне (јас го оставам и повеќе), цената е околу 250-260ден., исто толку е и 5 минутната верзија. Чистење на површината прво механички (може и да се остави малце погруба површината, да фати подобро епоксидот), после пребришување со чист алкохол, сушење па лепење. Досега не ми се случило да попушти спојот, може да се скрши местото до него, ама спојот не. Ако имаш можност да го армираш спојот - едно или повеќе парченца жица или сл. низ двете парчиња што ги лепиш, спојот ќе биде неколкукратно појак...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со лаптоп Toshiba Satellite C850-126
« Reply #4 on 15.03.2014, Saturday, 15:41:00 (Edited 15.03.2014, Saturday, 15:45:04) »
Најдобро чисти бензин или 96% алкохол ( од аптека се купува),а лепакот е точно 320 денари ,дупли шприц по 50 гр.Највише време посвети на чистењето,темелно, ако сакаш добар спој .Во пластичен сад мешаш истовремено од двете материи од лепакот .Се добива проѕирна маса ,која треба веднаш да се нанесе и да се спојат деловите(обично ги притиснувам со нешто тешко( обично мали ладилници за чипсет или од графичкиве карти) и за 2-3 часа се стврднува * камен* спојот.Многу лап-топи сум направил сосема успешно.Најголем проблем се *бакламите*- шарките или како ги викате веќе  ;D ,бидејќи тие имаат најголемо оптоварување.Ама,со овој лепак има доста успех во поправките.

Споено мислење: [time]15 Март 2014, 15:44:33[/time]
Сум користел и таков Бисон ,како што пиша Лордзи,кој е сиво-плавкаст,ама подолго се суши .Овој лепак сега што го користам е малку поскап,ама е за нијанса подобар бидејќи побргу се суши! На него пишува 5 минути за лепење,ама добро е 2 саати барем да се суши и веќе е камен тврд и плус тоа е прозирен,па оди насекоја боја на пластиката  :D :D

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со лаптоп Toshiba Satellite C850-126
« Reply #5 on 15.03.2014, Saturday, 16:33:21 (Edited 15.03.2014, Saturday, 19:58:21) »
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Погледни ја темава, можеби ќе добиеш некоја идеја ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9757.0
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Teslakr

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 180
Одг: Проблем со лаптоп Toshiba Satellite C850-126
« Reply #7 on 15.03.2014, Saturday, 21:40:27 (Edited 15.03.2014, Saturday, 22:27:02) »
Еве ќе поставам неколку слики како успеав да го средам проблемот, можеби на некого ќе му бидат од корист.








Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со лаптоп Toshiba Satellite C850-126
« Reply #8 on 15.03.2014, Saturday, 22:31:32 (Edited 15.03.2014, Saturday, 23:04:24) »
Прво, имаш image tag за сликите на форумов, не се користи кодирање за нив.

Второ, не верувам дека вака ќе го решиш проблемот. Пробај да најдеш начин со помош на подебело слецијално обликувано лимче (можеш да видиш нешто слично во темата од која ти дадов линк) да го врзеш држачот со некој дел од матичната плоча која е зашрафена со шрафче за пластиката или за некој друг дел од лаптопот кој е добро прицврстен за пластичната шасија (на пример, ладилното тело за процесорот). Ова е најдобра опција. Вака добиваш на стабилност и крутост на целата конструкција, а пластичната конструкција веќе не е под „стрес“ од отворање и затворање на капакот, лимчето е тука за ја превземе таа работа ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."