И јас користам Bison епоксид за лепење разни материјали, ама 24-часовната верзија, спојот е нешто поцврст, со тоа што треба да чекаш еден цел ден да се стегне (јас го оставам и повеќе), цената е околу 250-260ден., исто толку е и 5 минутната верзија. Чистење на површината прво механички (може и да се остави малце погруба површината, да фати подобро епоксидот), после пребришување со чист алкохол, сушење па лепење. Досега не ми се случило да попушти спојот, може да се скрши местото до него, ама спојот не. Ако имаш можност да го армираш спојот - едно или повеќе парченца жица или сл. низ двете парчиња што ги лепиш, спојот ќе биде неколкукратно појак...