Имам и јас слушнато дека имаш разни квалитети на кинески производи, мислам 15 класи се ако не се лажам. Баш еднаш истражував на интернет што е толку работата со тие скутери. Најдов одговор дека таму во фабриките за скутери добиваат околу 25 долари месечно, а за тие пати мора да ја исполни нормата какво такво само да излези од фабриката. Тој работник има 8 деца на пример а за нормата да ја исполни не внимаваат толку на квалитетот. За увоз во европската унија мораат да ги исполнат сите атести и контроли, а бидејќи не се исполнети во целост само на неколку производители им е дозволен увоз. Останатото доаѓа кај нас.
Јас паметам во времето на ЈУС стандардот кога беше, се велеше дека турската роба е најнеквалитетна. Сега кога повеќе не се оди спрема ЈУС турската роба стана најквалитетна на пазарот. Е сега кинеската роба испадна понеквалитетна од турската.
Девил, не оцрнувам нација јас, ама свесни сме за кинескиот квалитет.
Еден радиоаматер набаве евтин кинески антенски кабел RG-213 кој треба да е 50 омски, а на крај испадна дека е 30 омски, тотално промашен.
Што се однесува за скутерите и нивните делови, на еден другар во возење му пукна гумата, секако кинеска.
Во право си Девил дека има разни квалитети. Јас имам видено кинески дребонг да работи подобро од германски, ама тоа беше во времето кога и кина поветуваше внимание во индустријата, сега се оди на квантитет, а квалитетот е на некој начин занемарен.
Не знам за поголемите мотори, односно чопери, ама овие 50сс скутери се далеку од квалитетни. Најповеќе рикаат оние јујунг или не знам како се викаат.
Запчаниците на тие YUYUNG се толку меки, што со обичен бонсек лесно ќе го пресечиш, како од алва да се направени