Колеги флетот го средив. Беше скинат покрај самиот конектор што влегува во VGA плочата.Го средив на следниот начин: Го растурив конекторот и флетот го скратив до кај што беше скинат.Внимателно со скалпел на рамна површина ја отстранив изолацијата (вид мека пластика)од едната страна.Потоа како што беше и оригинал, го свиткав во облик на U за да си влезе повторно во конекторчето,му го ставив осигурачот(се мисли од конекторот) и тоа е тоа. Мониторот си доби слика на прво, но се појави друг проблем
. Се исклучи по неколку секунди
. Излезе дека едната неонка е отидена, а инверторите се исправни. Тука имам друго прашање
. Што да ставам на конекторите од едната неонка за да на еден начин ја “чита“ дека постои? Сета оваа работа ќе биде појаснета со слики кога ќе го завршам