Обај прекинувач е наменет за палење и гасење на штедливи обични и светилки со LED диоди.
Ел.Шема јас ја изработив а програмата за овај прекинувач ја пишуваше еден мој пријател па не можеше добро да се снајди и прекинувачот не функционираше добро.
Па замолувам некој од форумов кој се повешти во пишувањето на програм да напишат а јас ќе го објабам како проект на форумов со слики и видео за изработка на ППК адаптација и начинот на вградување на местото на класичниот прекинувач.
Прекинувачот треба да реагира на секое класично далечинско 38 Khz.
Прекинувачот треба да функционира на следниот начин:
-Тастерот кој е на Ел.шема со негово притискање и задржување на пр.10 или повеќе sek. контролерот да влегува во прогамски мод и во тој момент да се меморираат три тастери од далечинското кој претходно сме ги одбрале,тоа да се изврши со притискање по редослед прв втор и трет тастер,после притискањето на третиот тастер контролерот да излезе автоматски од програмски мод и да влезе во нормално функционитање,оваа процедура да е повторлива.
-LED диодата да сигнализира влез во програмски мод избор на тастери од далечинско и излез од програмски мод,да трепнува при секое притискање на тастер било на далечинското или на ѕидниот тастер.
-Тастерот кој е означен на Ел,шема после излегувањето од програмски мод да служи за палење и гасење на светлото ( со кратко притискање да се пали или гаси светлото , а со притискање и задржување од неколку секунди пр. 3 сек. да се вкучува и исклучува тајмер од 2 мин. и после тоа да изгасне светлото ) Тајмерот да може да се одповика со повторно притискање и задржување на тастерот, и светилката да продолже да свети. LED диодата исто да сигнализира вклучвање на тајмер со 5 трепкања,и исклучувања на тајмер со 3 трепкања.
-Првиот тастер од далечинското при меморирање да служи за палење на светлото, вториот притиснат да служи за гасење и третиот за вклучвање на тајмерот.
-LED диодата кога е исклучено светлото да свети,а кога е вклучено да биди изгасена.
-Контролерот да ги памти меморираните тестери и во случај кога ќе снема напојување.
-Тајмерот да биде со времетраење од околу 2 мин. И тој да може да се вклучи кога е светилката запалена или изгасена. При вклучувањето светлото да продолжи да работи уште 2 мин. А тоа да го сигнализира LED диодата на пр. со 5 трепкања кратки.
-За тајмерот истото да важи и кога се вклучва преку далечинското.
Се надевам дека ќе се најде некој јунак и ќе напише програм.
Поздрав и секое добро.