Грешиш за тоа! Токму ние,како граѓани сме виновни за јазикот! Ајде барем на ова место да се изразуваме културно,да зборуваме и комуницираме литературно.Немој да мислиш дека малкумина не читаат.Не читаат многумина,иако не се членови,ама велат некои - добро што го терате Форумот на македонски и со кирилична поддршка.На многу места кеде требало,токму овој Форум сум го потенцирал како место каде внимаваме да се изразуваме литературно,се разбира со исклучоци.Но,барем помладите треба да го земат тоа како обавеза.Заштитата на идентитетот и јазикот започнува од вакви места и форуми.Затоа се лутам кога некој ке почне на дијалект - тоа можете дома да го практикувате,овде изразувајте се литературно.Така барем мислам дека треба да биде.