Зависи колку се моќни звучниците. Ако влечат струја поголема од 1A, 78XX нема да врши работа. Треба да направиш посебен стабилизиран извор за напојување или евентуално да искористиш некој стабилизатор кој може да даде струја до 5A (ако се 2.1, не верувам дека ќе повлечат повеќе од 5A), со тоа што ќе треба да го земеш во предвид и тоа дека трафото цело време ќе троши енергија за стабилизаторот, па ќе треба трафото да има поголема максимална моќност од онаа која ја имала оригиналното трафо.
Или, може да пробаш и со друг пристап
. Види кои интегрирани кола се користат во шемата и види колкави им се максималните работни напони. Најверојатно има две интегрирани кола кои се одговорни за засилување на сигналот, едно за двата сателити и едно за woofer-от. Ако она за woofer-от има релативно висок максимален работен напон (поголем од 17*1.41 - 1.4 = 22.6V), него може директно да го напојуваш од трафото. За сите останати кола, може да поставиш стабилизатори од 78XX серијата
. Во datasheet од колото за засилување на сателитите сигурно има некој график или табела која му е максималната потрошувачка на струја, па врз база на неа, може да се одреди дали може да се стави интегриран стабилизатор од 78XX серијата (до 1A) или не
.