За многу конструкции на појачувачи кои ке работат вo автомобилот прагот 12 V е многу низок за постигнување поголеми јачини. Барајќи шема за поедноставна конструкција на претворувач 12/24V наидов на ова шема која е едноставна,делови се наоѓаат и од АТХ напојувања,а освен една намотка нема други трансформатори ,мотања и премотувања на жици кои повеќемина ги одвраќа од градба на вакви уреди. Значи главното ИК е TL 494,BC 557, IRFZ44N,MBR 1045( брза диода),тороиден намот 22 mH ( намотката во + 12V линија на напојувањата),неколку електролити ,отпорници.Воглавном сите делови ги има во напојувањата
Со комшијата го составивме на универзална плочка и од 12 V добивме мерено 24V.Е,сега тој собира делови за појачувач за вуфер ,кој ке биде транзисторски ,околу 30-40W,а веројатно истата конструкција ке се повтори уште два пати за две гранки L/R,а јас ке му дадам една стара плочка со активна свртница и додаток за вуфер,па нека слуша музика.
Еве ја шемата,ако некому му затреба: