Author Topic: Проблем со монитор Target RH-1450M  (Read 3213 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
@filipco: Не планирам пак да ти ги кодирам линковите, нареден пат ќе ти ги бришам post-овите.

Инаку, шема не може да се најде од мониторов. Пробав и со интегрираните кола, ама ништо не извади. Ништо, ќе мора да се работи пешки. Сликај ја напојувачката секција убаво, под убаво осветлување за да се видат сите делови.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Одг: Проблем со монитор Target RH-1450M
« Reply #16 on 26.02.2014, Wednesday, 22:17:02 (Edited 09.09.2019, Monday, 06:12:03) »
@GigaWatt еве го напојувањето:





Свичинг трафото е позади хладњакот на лево. Ги сменив термисторот и IP3842N и пак не работи мониторот, али сега кога ќе измерам со осцилоскоп на излезот од интегралецот како да се пали-гаси цело време, нема онака континуирани импулси(пред да го сменам не покажуваше ништо) плус напонот на напојувањето na интегралецот варира од 10,5V до 15V.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со монитор Target RH-1450M
« Reply #17 on 27.02.2014, Thursday, 00:23:48 (Edited 27.02.2014, Thursday, 00:30:20) »
Максимален работен напон на IP3842N е 30V. Можно е 10.5V да му е премал работен напон бидејќи во datasheet-от пушува дека колото стабилно работи со напони од 12V до 25V. Vcc пин му е 7. Провери преку што се напојува колото и пробај ако можеш да нацрташ електрична шема од монтажната. Можно е некоја компонента во колото за напојување на IP3842N да е зезната (некоја диода или отпорник). Види дали има зенер диода врзана за пин 7 од IP3842N. Можно е да е директно или индиректно врзана (преку отпорник) од пин 7 према GND (маса).

EDIT: Пиши што switching транзистор користи, не се гледа убаво на сликата.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Свичинг фетот е FS7KM-16A.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со монитор Target RH-1450M
« Reply #19 on 27.02.2014, Thursday, 15:08:37 (Edited 28.02.2014, Friday, 01:41:47) »
Ако мислиш дека ја имаш потребната пракса околу напојувачките степени јас предлагам да го искористиш овој склоп  
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9097.msg80196#msg80196  
и оваа метода



Сметам дека ќе успееш за кратко време да ја поставиш дијагнозата.
Ако случајно се решиш за оваа метода потребно е на местото од осигурувачот да поврзиш светилка (сијалица) од 220V и 150~200W а тримерот од ZD08 да го поставиш на вредност помала од средната!

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9162.msg80614#msg80614
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Најдов некоја шема со IP3842N и FS7KM-16A од некој service manual за некоја серија на монитори од KrisTel 1428-30K. Види дали има сличности со твојата шема/плочка.



Еве ја и цела сервисна шема. Останатите компоненти се разликуваат, но може ќе му притреба на некој ;).

Code: [Select]
https://app.box.com/s/relbhbexlnh8xdrwiall
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
GigaWatt шемава е доста слична на оваа на мониторот, но има некои разлики. Ај ќе видам деновиве да ја нацртам шемата од напојувањето од мониторот само кажете некоја добра и испробана програма за цртање шеми за Линукс. @Toma фала за советот али ниту имам време, ниту пари и искуство за да пробам така :)

Trolko

  • Guest
Ај ќе видам деновиве да ја нацртам шемата од напојувањето од мониторот само кажете некоја добра и испробана програма за цртање шеми за Линукс.

KiCAD ти препорачувам :)