Author Topic: Проблем со монитор Target RH-1450M  (Read 3214 times)

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Проблем со монитор Target RH-1450M
« Opened on 20.02.2014, Thursday, 22:14:06 (Edited 22.02.2014, Saturday, 02:00:39) »
Се работи за CRT монитор од 1996. Проблемот е тоа што мониторот воопшто не дава знаци на живот, кога ке го уклучиш ништо не се случува, нема никаков звук, ништо не свети, ни лед диодата ни екранот. Пред да се расипе само се слушна како нешто внатре пукна и толку. Има еден изгорен MOSFET FS7KM-12 кој седи на хладњак и е во делот кај напојувањето и изгорен осигурач исто кај напојувањето. Ги сменив транзисторот и осигурачот и пак исто, буквално ништо не се случува. После случајно кога мерев нешто направив краток спој на транзисторот и го изгорев пак, а и осигурачот пак изгоре. Ако сега ставам нов осигурач гори. Исто така пред да го изгорам транзисторот заприметив кога мерев некои напони во делот после тоа switching трафото дека иако на намотките на трафото дава некој напон, после диодите што се директно врзани за намотките на трафото нема никаков напон а диодите се здрави, ги извадив и ги измерив. Колку што видов нема подуени кондензатори никаде. Ќе ми извините што незнам никакви термини во врска со телевизорите, стварно немам појма од поправање на телевизори, монитори па затоа и ве прашувам вас :)

Trolko

  • Guest
Одг: Проблем со монитор Target
« Reply #1 on 21.02.2014, Friday, 01:16:00 »
Ако си од Скопје и утре имаш 30тина минути и ако ти одговара, може да поминеш низ Хаклаб КИКА (ќе ти дадам мој тел.број по порака ако одговара да се договориме) и ќе ти дадам 17" CRT монитор во исправна состојба :-)

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Одг: Проблем со монитор Target
« Reply #2 on 21.02.2014, Friday, 14:38:43 »
Фала Trolko на понудата али не е итно, ја имам лаптоп и него го користам, а мониторов е од еден постар компјутер кој сакам да го оспособам у случај да притреба, Мониторот дај го на некој што стварно му треба, ја ќе пробам да го поправам мојот таман да научам нешто за телевизори/монитори   :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со монитор Target
« Reply #3 on 21.02.2014, Friday, 22:07:28 »
Мониторот дај го на некој што стварно му треба, ја ќе пробам да го поправам мојот таман да научам нешто за телевизори/монитори   :)

Е ова сакав да го прочитам ;).

Сега, кажи модел и шасија, да пробаме да најдеме шема ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со монитор Target
« Reply #4 on 21.02.2014, Friday, 22:18:07 »
Да,без модел и шема ништо.Од искуство,провери да не има некој блок *расцветано* или еектролит.Таков тресок дава и ВН траназистор * ако расцвета * на пола ,а види и дали има некој процеп на самата тарфо-каскада.Ако е каскадата - фрлај во ѓубре.

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Одг: Проблем со монитор Target
« Reply #5 on 21.02.2014, Friday, 23:19:58 (Edited 09.09.2019, Monday, 06:15:18) »
Немам појма кој модел и шасија е мониторот само ова го пишува позади



Нема пукнати блокови и каскадата изгледа ко да е во ред, али сега приметив дека има еден пукнат NTC термистор SCK 053



Али чудно е тоа што термисторот се однесува ко да е исправен, бидејќи кога му мерам отпорност он дава некои 50 оми, и кога ќе му приближам упаљач да го загреам отпорноста му паѓа, а кога ќе го тргнам упаљачот отпорноста пак се покачува до 50 оми.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со монитор Target
« Reply #6 on 22.02.2014, Saturday, 01:59:50 (Edited 22.02.2014, Saturday, 02:03:05) »
Ај види некои ознаки на шасијата да не има. Би требало да има, по шасија најверојатно ќе се најде шема, вака, само по модел, најверојатно не :S. Вакви монитори се продаваа под неколку различни брендови и модели, се разликуваат само екраните и нивната големина.

Ако е каскадата - фрлај во ѓубре.

Какво ѓубре ;D, делови еден куп имаш бесплатно ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
На еден хладњак пишува IAOM2N2ON3, а на катодната цевка на тоа металното кај плочката(претпоставувам дека тоа е штит од електромагнетни влијанија) пишува IT108N26N2.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тие ознаки не се многу важни. На втората слика од твојот претходен post е шасијата на мониторот. Има некои ознаки на неа (означено на сликата). Најчесто ознаките за шасијата се по рабовите или ќошовите од шасијата. Најдобро е ако можеш да ги сликаш ознаките ;).

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Одг: Проблем со монитор Target RH-1450M
« Reply #9 on 22.02.2014, Saturday, 15:37:35 (Edited 09.09.2019, Monday, 06:17:33) »
Тоа не е број, туку некој текст предупредување некое. А ова беше единственото нешто што го најдов на плочката, во едно ќоше беше.


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одлепи ги лепенките ;). И провери и на долниот дел од шасијата, на страната од водовите ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Нема на друго место освен на тоа проверив секаде, а под лепенките само под таа округлата што пишува H на неа пишува F9641.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Пиши ги интегрираните кола (процесор, вертикален отклонски...) па ќе пробаме така да ја најдеме шасијата.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipco

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Одг: Проблем со монитор Target RH-1450M
« Reply #13 on 23.02.2014, Sunday, 18:52:39 (Edited 24.02.2014, Monday, 01:53:01) »
Има 4 поголеми интегралци:
KA2138
Code: [Select]
http://www.bmii.ktu.lt/~saulius/pdf/k/KA2138.PDFLA7837
Code: [Select]
http://html.alldatasheet.com/html-pdf/40354/SANYO/LA7837/125/1/LA7837.htmlWT8045
Code: [Select]
http://html.alldatasheet.net/html-pdf/82595/ETC/WT8045/45/1/WT8045.htmlTLS1233N
Code: [Select]
http://pdf1.alldatasheet.com/datasheet-pdf/view/28941/TI/TLS1233N.html
Прочитав на интернет дека проблемот може да е во startup колото и видов дека таму има еден интегралец IP3842N  кој е импулсно-ширински модулатор и на излезот треба да дава некој импулсен сигнал кој го вклучува и исклучува мосфетот од погоре, но кога измерив со осцилоскоп немаше никаков сигнал таму, а исто така го измерив измерив и напојувањето на интегралецот и даваше некој  променлив напон кој се движеше од 13.5V до 15V, па сега сумњам дека е таму негде проблемот. А што можам да ставам како замена за NTC термисторот?

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Смени го фетот повторно, УЦ3842 имаш кај сакаш по секое напојување, провери да не има во краток спој некоја диода во околината, стави исто такво варисторче, ги има се продаваат или пак извади од некоја стара шасија или пак комплетно извади го и стави жичан одпорник од некој ом, два три сеедно.
Провери во секундарот од мрежата да не имаш изгорено уште нешто.
Среди ја мрежата, стави сијалица и провери ја да не счуриш уште нешто.

По интернетов се вртеше и една книга за сервисирање на монитори. Не се сеќавам дали ја имам. Имаше многу овакви класични школкски дефекти како овој (кои можат да бидат и многу комплицирани понекогаш) и постапка за нивно откривање и поправање.
Ако ја најдам ке ја прикачам.
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...