Претворањето од VGA на SCART (или на component video) не е едноставна работа. Односно не е баш стрејт форвард што би се рекло, пошто ТВ сигналот и VGA сигналот се со различна фреквецнија, различна резолуција итн..
Да, има некои кабли функционраат ама мора самата графичка на излезот да дава таков сигнал кој може да се прикаже на ТВ. Порано (одамна) на еден сајт за електроника имаше шема на кабел, заедно со посебен драјвер што се инсталира за да ја „натера“ графичката да работи во тој мод ама не функционираше на сите графички итн итн...
Сега некои графички можда имаат таква опција, незнам.
Најсигурна варијанта е со адаптер (и најскапа..)
нешто вакво:
http://www.ebay.co.uk/bhp/vga-to-scart-converter
Овој адаптер го прима сигналот од компјутерот го пресемплира на одредената фреквенција и резолуција и го дава на излез за ТВ.