Прво сакав и јас да реагирам на огласот, ама се премислив.
Како што кажаа пред мене, аналогната ТВ сеуште се емитува по кабелските телевизии.
На пример, кај мене на компјутер имам аналогна картица, а имам и дигитална. Со дигиталната (преку антена) ги фаќам само македонските што се отклучени (десетина канали), а тие што се од бум тв не можам да ги гледам, а претплатен сум, односно истите можам да ги гледам само преку ресиверот од близу на еден ТВ.
Со аналогната картица добивам преку кабелска околу 50-тина аналогни канали кои можам да ги гледам на компјутер. Исто така, ја користам и за capture (префрлам материјали од ВХС на ДВД) кога имам потреба. Заради тоа не би ја исклучил 100 % од употреба, ама сепак, како што кажа Dx-er, треба да се биде внимателен затоа што некој неупатен доволно што нема кабловска, би се „залетал“ мислејќи дека ќе гледа телевизија (пошто, нели се продава ТВ картица), а нема да има ништо од тоа.
Заради тоа би требало во огласот да се напомене дека се работи за АНАЛОГНА ТВ картица.