Немам мерено искрен да бидам, но знам дека со 2.5mm електрода, барем оној јас што го имам земено, веќе на 130A почнува да се гледа дека потребна е подебела електрода за таа струја. На 160A, веќе очигледно е дека парче ја прави електродата, многу брзо ја топи. Сум пробувал и со класични (со трансформатор) апарати за заварување, скоро истиот ефект го добивам.
Мојот не го земав 5000 денари, го земав 7000 денари, така да, можно е нешто поквалитетен да е (не знам, не сум го отворил). Сепак, цените се прилично евтини. Да ги правам тие преправки кога имаш и на старо релативно ефтини швајц апарати... искрено, не гледам поента. Да, ако имаш време за трошење, немаш што да правиш, ОК, ама во секоја друга комбинација, јас лично барем ќе си платам нешто повеќе и ќе си земам некој поквалитетен швајц апарат. Времето е пари, во моментов го немам.