Мислам дека последните коментари треба да се преместат.
Незнам за какви ресурси мислиш но буџетот на американските агенции NSA CIA FBI и слични лани изнесувал скоро 82 билјони долари, и тоа само познатиот дел, според мене тоа е огромен буџет. NSА има околу 30 илјади вработен нивната цел е собирање информации и пронаоѓање нови начини за собирање информации во електронските комуникации.
NSA е лидер во дизајнирање на технологии за електронски мониторинг.
Не пишуваат команди или бараат во некој пребарувач (освен за нешто конкретно), едноставно ги собираат сите достапни податоци за сите луѓе и потоа бараат тригер зборови и поврзуваат луѓе и случувања. NSA има огромни дата фарми со капацитети од по неколку zettabytes, и AI со процесирачка моќ да ги обработи и анализира тие податоци.
Русиа и Кина заедно немаат толкав буџет колку NSA, плус NSA преку prism програмата има директен пристап до целиот интернет што доаѓа или транзитира во/низ америка. Русија и Кина се далеку од конкуренти на Америка.
Како што пишав во претходниот пост, има изјави дека многу компании се финансирани од CIA од самиот почеток, тие компании практично работат за CIA и NSA, така да секоја информација која е достапна кај компаниите е достапна и кај агенциите.
Во последните неколку години, агенциите намерно работат со приватни компании бидејки приватните компании не подлежат на законите за пристап до информации, немора да откријат никакви информации, се е деловна тајна.
Незнам како мислиш, немаат што да понудат од новитети? Функцијата на тие агенции не им е нас да ни нудат новитети, се што измислат/направат го користат за потребите на агенциите или армијата па можеби потоа некоја технологија ќе се прелее и во цивилниот сектор.
Не викам дека некој треба да се тресе од некоја агенција, тие агенции масовно собираат информации и ги користат за нивни потреби, претежно контрола и манипулација.
Агенциите особено NSA не се на врвот на играт, они се играта, моментално никој неможе да им конкурира ниту може да се заштити од нив.
Огромните компании како Google Facebook Instagram и слично им служат на агенциите, затоа се масовно финансирани од тие агенции, и затоа им се дозволува да работат така. Тие компании го прекршуваат буквално секој закон за приватност и заштита, доколку, не ги делат информациите со агенциите, ќе ги испозатворат за недела дена.
Неможе баш така да се стави backdoor на некоја технологија, кога се работи за големи компании или држави, и да не е opensource има code auditors кои ќе го проверат кодот за сигурносни проблеми.
Wanna bet дека си некаде на некоја листа