Author Topic: Клипчиња  (Read 312526 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1545 on 16.05.2020, Saturday, 13:14:31 »
не би рекол дека беше само тоа проблемот, башка хај фајв баш беше сличен на фејс, да полош дизајн имаше, ама беше многу ист. Е едоно тек после го додадоа четот.
Поентата ми беше, на мирц за да измкнеш слика требаше 6 недели ѕвезди симинање, поезија да  ти завиди и шекспир, почнувајќи од хај фајф, голотија имаш на кило, ко баајаги твитерот го напраја нешто поинаков...

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1546 on 16.05.2020, Saturday, 13:35:46 (Edited 16.05.2020, Saturday, 16:25:53) »
...значи обичен муабет во живо во дневна, телефоните ставени на маса, исклучени, наредниот ден почнаа да ми излегуваат на ПЦ реклами и поп-апи погодете за што - Асос и слични сајтови со гардероба.

Да, за жал ова е точно и има доста видеа на Youtube каде што намерно го испробуваат токму ова. А, исто така и мене ми се имало сличувано. Но, исто така имам забележано дека откако користам iPhone, иако зборувам пак за такви потрошувачки работи т.е работи кои сакам да ги купам или ми се допаѓаат, не добивам такви реклами.  :)

Една од главните причини зошто не поседувам смартфон. Исто така, не купувам со картица, само со кеш. Вадам пари од банкомат и со кеш купувам се.

Убаво е да плаќаш со кеш и да немаат преглед на што ги трошиш парите, затоа и ги измислија криптовалутите.  ;)
Но, сепак мене ми е подобро да плаќам со картичка каде што можам, бидејќи нема потреба да носам многу кеш во мене, а посебно кога патувам некаде.  Се си има свои предности и недостатоци.

Кога и овој ги покрива камерата и микрофонот, значи дека и тој се сомнева во тоа што го прави.  8)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1547 on 16.05.2020, Saturday, 16:23:31 »
Убаво е да плаќаш со кеш и да немаат преглед на што ги трошиш парите, затоа и ги измислија криптовалутите.  ;)

За жал, сеуште не можеш да плаќаш во продавница со нив.

И не беа поради тоа измислени... експеримент беше кој успеа, толку, ништо повеќе од тоа.

Но, сепак мене ми е подобро да плаќам со картичка каде што можам, бидејќи нема потреба да носам многу кеш во мене, а посебно кога патувам некаде.  Се си има свои предности и недостатоци.

Во странство, исклучиво со кеш плаќам. Имам и картичка, ама таа е за секој случај.

Кеш си е кеш... не секаде има терминали и банкомати ;).

Кога и овој ги покрива камерата и микрофонот, значи дека и тој се сомнева во тоа што го прави.  8)

На него повеќе од јасно му е што се случува ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Клипчиња
« Reply #1548 on 16.05.2020, Saturday, 18:29:10 (Edited 16.05.2020, Saturday, 18:54:05) »
Ајде малку “филизофија“ !

Библијата е напишано од некого или многумина пред дваесетина векови!
Во последното поглавје има напишано и оваа:

Quote
16  И ги присилуваше сите луѓе, малите и големите, богатите и сиромасите, слободните и робовите, да примат жиг на десната рака или на челото,
17  и никој да не може ниту да купува ниту да продава, освен оној што го има жигот — името на ѕверот или бројот на неговото име.
18  За ова е потребна мудрост: кој е разумен, нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тоа е број на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест.

Дали цитатот е видовитост или случајност!?

Code: [Select]
https://www.jw.org/mk/biblioteka/biblija/bi12/knigi/%D0%9E%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5/13/
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Клипчиња
« Reply #1549 on 16.05.2020, Saturday, 18:44:36 »
Мислам дека библијата и сличните книги не треба да се сфаќаат буквално, како што кажа составени се пред дваесетина века и во тек на тоа време безброј пати се препишувани, преведувани од еден на друг јазик, сакаш-нејќеш неминовно е да се изгуби (дел) од смислата на тоа што оригиналниот текст сакал да го каже.
А за цитатот, ќе видиме дали ќе се покаже точно, мене натаму ми влече, ако го замениш жигот со некоја картичка или чип. Во Скандинавските земји на пр. веќе над 90% од сите трансакции се вршат електронски и се охрабрува исфрлањето на готовина, значи кој ќе го нема жигот (картицата) нема да може да функционира нормално. Впрочем, влажен сон на сите влади е целосна контрола и увид во се, а електронското тргување и трансакции се еден добар дел од тоа.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1550 on 16.05.2020, Saturday, 20:23:21 »
И ајфон те следат, само немаат договор со алиекспрес. На тендерџи му го декодираа, а нели те штитат ?
Чим имаш ајфон имаш пари за оригинали xD и со криптовалутите можат да ти најдат траг. Носи си картица, но вади си нешто кеш да имаш за пазарење. Кај нас грабежите не се толку чести и до одредена сума пари сметам дека е безбедно. Системот е далеку подобар и по функционален кога се продаваа цигли и камења на соученици или на деца помали од тебе. Тогаш ни картица не те спашаваше, ако немаш кеш јадиш ќотек. В полиција ќе јадиш ќотек за лажна клевета. Сега казна е од 300 евра на горе, и насилникот треба да се докажува. Сакаат да ти увалат надзор демек ради безбедност. И не, немам поим далие е тоа исправно или не, може е ок, може е само битно од која страна си.
Во време на Енвер оџа без камери, без смартфони било далеку по безбедно (албанија)...
Тома, да го имам прочитано, но не знам кога е напишано, не можам да бидам 100%сигурен.  Имаше извадок од некоја книга, во смисла како некој мудар ѓавол го пикнал цело општество во пеколот. Опишана беше сегашната ситуација, а книгата е напишана пред 70 тина години. Дали случајност или добра елаборација на текот на развивање на настаните, не знам..

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1551 on 16.05.2020, Saturday, 20:34:10 »
Чим имаш ајфон имаш пари за оригинали xD и со криптовалутите можат да ти најдат траг.

Ооо каква констатација... Значи секој кој има iPhone е Бог, а?  :)

Во Скандинавските земји на пр. веќе над 90% од сите трансакции се вршат електронски и се охрабрува исфрлањето на готовина...

Ова сум го искусил лично јас во Шведска. Патувавме неколку души и требаше со автобус да стигнеме до аеродром, а во автобусите кои возеа до аеродром не прифаќаа кеш, само картичка. Па, тие кои немаа картички требаше да се снајдуваме да им купуваме билети со картичка. Нејсе, тоа е вистина за таму, дури и на некои продавници, музеи и слично уште на влезовите пишува дека не прифаќаат кеш, само картички.  ;D

Не знам дали е шега или не, но имам правено муабет со еден човек од Косово кој го сретнав во странство и ми вели "ние можеби сме најбогати на Балканот". Јас се чудам и го прашувам како тоа, а тој ми враќа "Па, така... Сите пари што ги имаме ги чуваме во кеш, ништо не чуваме во банка". Што и да му значеше тоа можеби ќе се вклопи во муабетот.  ;D

Сепак, се си има свои предности и недостатоци како што кажав.  :)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Клипчиња
« Reply #1552 on 16.05.2020, Saturday, 21:19:01 »
10 најчитани книги на светот!

Code: [Select]
https://www.crnobelo.com/novosti/knigi/12890-10-najcitani-knigi-na-svetot
Библијата е една од најстарите киги од новата ера!
Колку и да се менувало, сржта (содржината) останала скоро 100% иста.
Има многу повеќе научни книги кои ја промениле содржината затоа што се дошло до нови точни сознанија и докази, додека што се однесува до содржината на библијата никој не може да докаже ниту пак негира дека напишаното е/не вистина!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Клипчиња
« Reply #1553 on 16.05.2020, Saturday, 21:27:51 »
Колку и да се менувало, сржта (содржината) останала скоро 100% иста.

Не се слагам со ова, никој не може да ме разубеди дека низ вековите властодршците и поповите не си ја калапеле, преправале и допишувале како им одговарало, пошто тоа е човечката природа. Не за џабе се вика дека власта и црквата одат рака под рака.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Клипчиња
« Reply #1554 on 16.05.2020, Saturday, 21:46:06 »
Секој има право да се сложува или не, ама нека најдат време и нака го прочитаат комплет Стариот со Новиот завет без да навлегуваат во смислата или веродостојноста, онака како да читаат некој роман.
Ако некој ја нема прочитано неможе ни да дискутира за тоа дека е менувана содржината (каде се доказите) или е точно преведена од старите записи до денес!
Јас не тврдам дека преводот е 100% точен туку мислам дека сржта на Библијата останала иста скоро 100% .

Коментар за книгите од науката кои денес важат а “утре“ можеби ќе бидат буниште!?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1555 on 16.05.2020, Saturday, 21:49:35 (Edited 17.05.2020, Sunday, 03:10:53) »
"Ооо каква констатација... Значи секој кој има iPhone е Бог, а?  :) "
Така те рачунаат од ајфон т.е. ејпл. А и нема буџет ајфон, нели ?

Во сржта на библијата е да си потчинет и да слушаш афторитет без разлог, оти нивнио госпо ќе те казнел. Нема причина да се менува нешто. А и не верувам дека баш све што  се проповеда во боблијата е баш Божја воља. Нити пак Исусова идеа. Ако е така, голем дел од светот живее во заблуда. Иако има прекрасни и поуни филозофии, но се премногу малце. Поготово стариот завет е разврт и блут. А и од кај знајш дека баш твоја религија е вистинска ?
Code: [Select]
http://svetopismo.pravoslavie.mk/star-zavet/Точно дека пред 100 години научниците глата на трупче би ја клале за да потврдат дека атомон е неделлив, дека може да се направи ел. мотор без четкици итн. и тоа е точно.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Клипчиња
« Reply #1556 on 16.05.2020, Saturday, 22:23:35 »
Секој има право да се сложува или не, ама нека најдат време и нака го прочитаат комплет Стариот со Новиот завет без да навлегуваат во смислата или веродостојноста, онака како да читаат некој роман.
Ако некој ја нема прочитано неможе ни да дискутира за тоа дека е менувана содржината (каде се доказите) или е точно преведена од старите записи до денес!
Јас не тврдам дека преводот е 100% точен туку мислам дека сржта на Библијата останала иста скоро 100% .

Коментар за книгите од науката кои денес важат а “утре“ можеби ќе бидат буниште!?

Ја имам прочитано, неколку верзии и тоа, затоа и го имам тоа мислење. Стариот завет ако го читаш како роман може да му конкурира и на Толкин, така испреплетен со фолклор и паганизми од тоа време.
Каде се доказите викаш? Погледни околу тебе на што личи светот за овие 2000 години „христијанство“, официјалните цркви да го спроведуваа учењето на Исус од Назарет и тоа што пишува во Библијата, дури и ваква, досега ќе беше Рај на Земјата, наместо тоа имаш крстоносни војни, насилно покрстување „дивјаци“, инквизиција, палење на клада на сите што не мислат како „официјалната“ црква, да не зборам колку пари и имот имаат натрупано низ вековите и уште трупаат.
Нити ти можеш да ми го смениш мислењето, нити јас на тебе, затоа мислам дека натамошна дискусија на оваа тема е губење време.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Клипчиња
« Reply #1557 on 16.05.2020, Saturday, 23:15:21 »
Се‘ што се има случено (посебно негативно) од Новиот Завет до денес не е дело на Библијата како четиво, идеја и порака!
Исто не можеме да го негираме фактот дека религијата го одржала човештвото во опстанокот до денес, иако има и многу безумни и нечовечни дејанија во историјата до денес, во името на истата!
Сето тоа е дело на човекот-нечовек од векови до денес. Денес сме сведоци на бескруполозното газење на човекот, неговото достоинство, од страна на алчните за власт и материјални добра кои сета тоа и својата суета ќе ги однесат на „оној свет“ итн итн.
Поповите се луѓе од крв и месо и тие велат : „Не гледај што правам туку слушај што зборувам“ а оние кои не прочитале ќе коментираат онака како тие разбрале и како ним им одговара!
Како најстара книга Библијата во позитивен контекст си ја има одиграно улогата за која е напишана, без разлика на се што било како било и како поминало!

Зошто денес постојат “теории на заговор“, дали тие што се подржувачи на таквите теории се глупи и неуки а противниците се толку паметни и со толку “релевантни докази“ што треба да значи дека се 100% во право!? Зошто да веруваме дека постојат “црни дупки“, бил некој таму измерил колку “тежат“, со што измерил!
На некој начин и науката е религија и затоа и за неа постојат исто многу контроверзи, научници кои добиваат “награди“ од оние кои го држат светот во потчинетост и експлоатација!
(Не врат, шија)
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1558 on 16.05.2020, Saturday, 23:27:24 »
Скоро секоја апликација, технологија или услуга на итернет собира информации за корисникот, тие информации се користат за лични анализи и/или се продаваат. Уредите како Amazon Alexa Google Assistant Apple HomePod и слични, не го исклучуваат микрофонот и/или камерата, ги собираат сите информации без разлика дали се бара од нив нешто или не.
 Пред некаде 2 месеци инсталирав апликација за купување online од локална компанија, при инсталацијата апликацијата ми побара пристеп до контактите, камерата и микрофонот, тоа го прават скоро сите(посебно бесплатните) апликации, и обично е умешно напишано да не се разбере и да се одобри.  Ако услугата е бесплатна jaс сум производот.

 Директорот на NSA има признаено дека вршат масовно следење, како демек само метадата.
Имаше некаде на итернет интервју со поранешен раководител во CIA, он тврдеше дека Facebook, GOOGLE и многу други интернет и технолошки компании се поддржани од CIA, дека CIA преку лажни компании има масовно инвестирано во тие компании, за возврат добиваат пристап до сите информации.  CIA имаат формирано термин за информации од јавните сервиси OSINT(Open Source Intelligence). OSINT го користат и многу приватни компании за следење на луѓето преку јавно достапни информации, има програми како Maltego кои се страшно ефикасни во собирањето на податоци за некоја личност или компанија.

Еден од попознатите скандали за информации Facebook и Cambridge Analytica
Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/Facebook%E2%80%93Cambridge_Analytica_data_scandal
Како одговара Linus Torvalds (Креаторот на Linux) на прашањето за backdoor


Многу држави ги условуваат приватните компании да направа backdoor во нивните системи технологии, мислам дека Англија го донесе и како закон тоа во 2019.

Европската унија сега форсира закон за целосен мониторинг на мобилните телефони(кој како каде дека со кого) под изговор дека треба да се следи и контролира короната.

Во многу држави во европската унија услуги како јавен превоз не можат да се користат со кеш мора картичка, се помалку и помалку се компаниите кои имаат физички локации за купување, сега со короната скоро сите препорачуваат картичка.
Дали некој ке користи само кеш и нокиа 3310 не е многу важно, има начини и апликации кои собираат информации преку трети лица и компании.

Незнам дали крипто валутите се почнати како експеримент(DASH e направена/наменета за приватност)не се многу приватни, има начини за следење.
Поради лагодност и едноставно користење секојдневно се откажуваме од приватноста.
Интересна книга за информациите во денешното општество.
Code: [Select]
https://www.schneier.com/books/data_and_goliath/
За да им одговара на религиозните лидери библијата е многупати изменувана, препишувана и манипулирана, тоа ја прави лажна и безвредна.
Библијата не е најстарата книга на светот ниту е најстарата религиозна книга на светот.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Клипчиња
« Reply #1559 on 16.05.2020, Saturday, 23:41:06 »
За да им одговара на религиозните лидери библијата е многупати изменувана, препишувана и манипулирана, тоа ја прави лажна и безвредна.

Има ли докази дека е лажна и безвредна !?

Прашањето е затоа што за многу “научни книги“  се посочуваат линкови и имиња на личности кои се некој “авторитет“ и кои им одговараат на денешните господари во “сенка“ над своето робје од околу пет милијарди “гол“ народ !
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!