Јас мислам дека кај нас мозокот политичарите го користат многу малко, за лаги, закани и уништување доволно е интелегенција под 80.
Па, не би рекол... сегашната гарнитура, можеби, но не и некои од претходните.
Европските а и светските лидери се интелигентни или имаат интелигентни советници, имаат задоволен народ со добри услови за живот а во исто време имаат и огромно лично богатство и моќ и ги нема по весници за глупости. Тука има интелигенција, не кај паразити кои секоја лага и кражба им ја пишуваат по весници но за жал народот кој тие паразити го бутат кон целосно уништување е поглупав од нив.
Дека настана со време оглупавување на народот, апсолутно дека настана... впрочем, бројот на активни членови на форумов е (до некаде) доказ за тоа (иако не би го земал здраво за готово, но да, мислам дека и тоа игра удел). За ова е последица и начинот на кој се образуваат генерациите... а и, се разбира, како се воспитувани од страна на родителите.
Види, не можеш да го занемариш фактот дека имаше драстична промена во општествен и економски систем во сите ex YU држави... генерално, кај нас владее герила капитализам и демократија... и стојам зад тоа дека капитализам и демократија не се за Славјани, не верувам дека некој ќе ми го докаже спротивното.
Европските лидери и државници имаат самосвест... нешто што кај нас (мислам на Балканците, не општо кај сите Славјани) нема никогаш да се развие. Не поради тоа што не сме имале империи со вековни традиции, туку поради тоа што сме „јужњаци“... сите јужњаци насекаде низ светов се тралалајки... ене ги и Шпанцине, Италијанцине, Бразилци, Аргентинци, Мексиканци... сите се со истите проблеми: скандали, корупција, мито. Верувам дека игра и место положбата на планетава улога. Како бе сите северни народи се цакум-пакум
? Русија е исклучок, но мислам дека и Славјанскиот ген тука игра улога (склон кон самоуништување) и затоа добро е што пак се најде еден диктатор да ги води
.
Јас мислам дека балканските народи а и другите бившо социјалистички народи се интелигентно неспособни да се самораководат и одлучуваат за сопствената иднина, затоа каков водач(пастир) ке им ДОЈДЕ (не го избираат они) таква им е судбината.
За жал, да, друг им ги бира водачите... за среќа, во Русија сега не е така, а се надевам дека ќе дојде ден кога и кај нас, Балканците, нема да биде така... еднаш да го избереме правилниот (Македонски Путин), па ако сака нека мести избори дур не умре, воопшто нема да ми пречи ако е како него.
Најжалното е што скоро сите мислат дека некој друг треба да работи нивните животи да ги направи подобри, и секогаш е некој друг крив за нивната неспособност.
Тоа е последица на Социјализмот и претходниот начин на уредување. Државата беше одговорна за се, од образование до вработување. Тоа се пренесува со генерации, а на тоа треба да се додаде и нашиот менталитет, и тешко дека во догледно време ова ќе се смени. Мада, искрен да бидам, има позитивни примери кои одат во таа насока, но далеку од тоа дека е станато пракса (младите сами да се снаоѓаат и сами да си наоѓаат решенија за нивните проблеми).
Така да, мислам дека решение е пак некој благ диктатор да дојде на власт, но некој кој ќе се грижи за народот, кој му стало за народот... па и нека мести избори и нека прави дубари, што сака нека прави, само нека има слух за проблемите на неговиот нарот.
Имаше некаде на интернет видео од тоа какви стратегии се прават деталите до кои се оди само за една дебата помеѓу политичарите, толку планирање балканските партии немаат направено во целата нивна историја.
Затоа се прават детални планови за местење на избори
. Мораш рака да има дадеш за тоа, махери се... за некои од работите кои се прават за време на избори, на никој од западњациве не би му текнало ни во сон
.
Издржливи работници сме да но прости, флегматични и во огромен дел нестручни, а за повреди и смртни случаеви има во Македонија и на балканот и тоа многу, за држава со толку малку работници. На балканот сеуште се води народот по реченицата: ЌУТИ СИНЕ МОЖЕ ДА БИДЕ И ПОЛОШО !!!. Си ја скршил раката на работа ќути оти ке останеш и без работа и може да те тужат.
Издржливи, да, се сложувам. Прости... зависи кој кадар. Ако правиме муабет баш за обични физички работници, да, во најголем дел се прости, ама па тие не ни треба да се не знам колку интелигентни... генерално, они треба да го работат она што ќе им се каже, а не да попуваат и да филозофираат околу тоа, така
. За флегматични, тоа од секогаш било така и ова е одлика на Македонците, не на сите Балканци и навистина не ми е јасно зошто е ова вака
... ќе дадам еден пример за тоа дека ова е навистина вака, но само за Македонците.
Тетка ми, на времето, во бивша Југославија, работела во Ирак (да заработи за домовина, итн.). Како и да е, таму имало работници од цела Југославија, Словенија, Србија, Хрватска, Македонија... генерално, сите си ја вршеле работата на време, освен Македонците
. Значи, сите треба да станат сабајле во 7 за да одат на терен (се граделе згради) и да се почне да се гради. Словенците најчесто биле електро-монтери и требало да поставуваат кабли. Словенците станати во 7, каблите поставени во 8... Македонциве, тек се будат во 8 и почнуваат да се спремаат, на терен се тек во 9, што значи останативе ги чекаат веќе еден час за да нашиве малтерисаат, бетонираат, што и да е
.
Така да, ова вака било отсекогаш... не ми е јасно која е точно причината за овој мрзоволен пристап на Македонците кон работата, но изгледа ова ни е карактерна црта... што и не е баш толку трагично, кога ќе размислиш, слични се и Шпанците, па никој не им го зема тоа за грев на нив
.
Е сега пак, од друга страна, тетка ми исто така ми има кажувано дека Словенците, скоро никогаш не останувале прекувремено бидејќи знаеле дека нема да им биде платено (фиксна плата, толку и толку, ништо повеќе од тоа), додека пак Македонците и Србите, секогаш кога ќе требало да се остане прекувремено на објект за да се заврши нешто на време дента, останувале, иако знаеле дека нема да им биде платено... така да, кога ќе размислиш, работите се компензираат до некаде
.
А околу смртни случаи и повреди на работни места... сигурен си дека ова е вака? А дури и ако е, ова е најверојатно последица на непочитување на прописи... и да, во многу случаи, за тоа се одговорни и самите работници кои не ги почитуваат и се прават „мангупи“... епа сега, во такви ситуации, си работи и природната селекција... ако си глуп да не носиш заштитна опрема, а ти е обезбедена, кој ти е крив што на крајот си настрадал
? Се разбира, само ти и никој друг.
Но, од друга страна, сметам дека најстрого парично (па дури и кривично) треба да одговараат работодавците кои не обезбеуваат заштитна опрема за нивните работници и ги тераат да работат без заштитна опрема. Во таква ситуација, јас лично барем, би дал отказ од работа. Прво, не е мое сам да си набавувам заштитна опрема за на работа. Второ, ризикувам живот ако работам без заштитна опрема, а овој ризик е драстично намален доколку ја користам истата. Така да, сметам дека апсолутно нема оправдување ако работникот работи на работно место и позиција за која е задолжително да се користи заштитна опрема, а работодавецот не ја обезбедува.
„Остај сине, може и бетер да е!“ е, барем мене ако ме прашаш, многу лош совет од страна на родител кој, очигледно, никогаш не ја работел работата која неговото чедо ја работи. Да разбира кои се ризиците на таа работа и она што го работи неговото дете, не верувам дека ќе му го даде тој совет.
За закони и мерки балканот и Македонија имаат едни од најстрогите во европа/светот а воедно се и едни од најмалку почитуваните од народот. Не се почитуваат бидејки никој не се жали дека не се почитуваат. Некој од Македонските политичари имаше дадено изјава: Во Франција се штрајкува не им одговара нешто, во Шпанија се штрајкува не им одговараат некои услови, во Македонија сите се мирни значи се им е ДОБРО.
Можат да си дозволат да штрајкуваат бидејќи имаат високи плати и можат да поминат и месец, два, три без да примат плата (прилично бедно, но сепак, сметки, кирија и храна обезбедено и платено). Ај да те видам тука помини два, три месеци без плата
. Освен тоа, знаеш како одат работите кај нас, сите кои се бунат/штрајкуваат на крајот ќе го „јадат стапот“ и ќе завршат со отказни решенија, а згора на тоа, работодавците може да се погрижат и никогаш повеќе истите да не најдат работа во таа бранша во државава
.
Осигурачот не е кинески сигурнои, КemaKeur е Холандско производство, можеби бидејки беше постар осигурач затоа нема и термички внатре.
Баш ме интересира дали има термички... ако некој има да расклопи од некој понов, би било добро
.
И тука забега муабетот далеку од видео клипови, доколку може off topic коментарите да се преместат на соодветно место макар тоа било и кантата
Искрено, не знам кај да сецкам и да пустам, правам... нека стои муабетот тука, и онака оваа секција е за Off-Topic муабети, а сигурно не решаваме прашања за опстанок на планетава со муабетиве
. Си тресеме зелени и си разменуваме мислења, толку
.