После колку киловат часови би се апсорбирале во да речиме килко магнети ?
Не знам, а најверојатно зависи од магнетизираноста т.е. колкава е акмулираната енегрија во нив.
Теслата на пример е 600kw и треба сериозна снага да го покрене тој мотор...
Вака... ова што претходно го имам читано е Перендевиот магнетен мотор... можно е да имам згрешено и ова да е сосема некој друг тип на енергетски прототип за кој правиш (правиме) муабет. Клипот не го изгледав до крај, но веднаш штом спомна перманентни магнети, помислив дека станува збор за тоа. Колку што гледам од линкот кој го имаш ставено, во проектите никаде нема движечки делови (статор, ротор, итн.), така да, изглеа не станува збор за тоа.
Јас мислев на ова.
Со таа разлика што е бесплатна (free) се додека магнетите се бесплатни
.
Скоро воопшто нема информациии за тоа од каде потекнува првичниот дизајн, но Перендев, Руски инженер, го има направено првиот нацрт и мотор уште во текот на 1950-тите (негов дизајн... било предизвик, од страна на колегите кои тврделе дека не може да се направи мотор само со перманентни магнети
)... за жал, ова било сватено како шега и колегите го исмевале, дури и откако го направил (мислеле деке во прототипот има батерии
), и (претпоставувам) за да не биде сватен како „луд научник“, едноставно го ставил нацртот во фиока, прототопот бил размонтиран и толку. По студената војна, некој (некои) ги нашол овие нацрти и уште во текот на 90-тите пробувал да докаже на светската научна јавост дека ова е можно... залудно. Повторно се паднало во вода. Е сега, со развитокот на интернетот, нацртите станале јавни и некои прбале да ги направат
... и заклучиле дека „ова чудо функционира
“... и има клипови на YouTube уште од 2007-ма, 2008-ма и јас ги имам post-рано по форуми, вклучувајќи и овој, но никој не го свати тоа сериозно
. Да, дизајнот е одличен и функционира
... но енергијата е „бесплатна“ се додека магнетите се бесплатни... Перендев го знаел ова и го има наведено во неговите дизајни, но ретко кој го пренесува ова, дека енегријата не е бесплатна. Магнетите мора да ги менуваш на определено време, така да, не е препетуум мобиле
.