Author Topic: Клипчиња  (Read 312421 times)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1560 on 17.05.2020, Sunday, 00:13:06 »
Незнам на какви докази мислиш, но според мене тоа дека е изменувана многупати за суштински работи (галилео сега би бил во право и според библијата) е доволен доказ за лажните написи и безвредноста/беззначајноста на тие написи.
Има евангелија кои се отстранети од библијата и уништени, бидејки не и одговарале на догмата, стариот завет е циркус.
Колку други религии се имаат одделено./оформено од христијанството сите со свои сваќања толкувања и представувања на библијата, и сите викаат дека они се во право.
Тоа е само мое мислење и гледање на работите, неможам ниту сакам некому да му сменам мислење.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Клипчиња
« Reply #1561 on 17.05.2020, Sunday, 00:36:32 »
Исто како што важи дтарата народна "1000 луѓе, 1000 табиети", би рекол дека важи и "1000 луѓе, 1000 религии" секој човек е индивидуалец и ја толкува посебно.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1562 on 17.05.2020, Sunday, 03:32:54 »
Многу злоупотреба имат паднато врз грбот на религијата и Христа.
Точно дека не мислиме сите исто, може некој мисли дека може да лета, некој дека гравитацијата е измишљотина, ама без разлика кој како мисли, да се фрлиме од 10 ти сите ќе се испотепаме, па кој кко сака нека мисли. Тоа воопшто не влијае врз фактичката ситуација.

Теоретичарите на заговор голем дел се заучени-недучени, чуле не разбрле. Ене на пример рамноземците, им ги имам посматрано видеата "доказите"... циркуз без без пари. Не, не се глупи, може не по свој вина ама не образовани се. Исто како што можеш сега да се изначиташ куп глупости за 5г, порано харпот беше во мода, ама пошто ништо не се деси сега на 5г се префрлија, а него го заборвија.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1563 on 17.05.2020, Sunday, 15:26:55 »
... и со криптовалутите можат да ти најдат траг.

Да, ама многу време треба. Плус, претпоставуваш дека само една трансакција треба да најдат. Може колку сакаш трансакции да направиш, секоја си има свој hash... една ќе најдеш, треба друга да бараш потоа.

Незнам дали крипто валутите се почнати како експеримент(DASH e направена/наменета за приватност)не се многу приватни, има начини за следење.

Многу тешко... практично, неизводливо. Можеш, но треба мнооогу ресурсу и време.

Не за џабе се вика дека власта и црквата одат рака под рака.

За среќа не и во времето на социјализмот... ама тоа е веќе историја.

Како одговара Linus Torvalds (Креаторот на Linux) на прашањето за backdoor

Кратко и јасно... појасно амин.

За среќа, се е open source, се може сам да си искомпајлираш и да тргнеш она што не ти чини.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1564 on 17.05.2020, Sunday, 15:50:12 »
Кога последен пат го прочита Linux kernel пред да го компајлираш, има скоро 30 милјони линии код :)
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1565 on 17.05.2020, Sunday, 20:19:48 »
Јас нема сигурно да проверам, но ќе има „ука бука“ во Linux заедницата, бидејќи голем дел од тие луѓе се coders/devs, а дел се инволвирани и во развојот на kernel-от, така да, не верувам дека ќе пројде незаебележано од сите. Некој ќе раструби, тоа биди сигурен. Ако некој е против масовно следење, тоа е Linux заедницата ;). Впрочем, една од главните причини поради која и користат open source оперативен систем е токму таа.

Да не праам муабет за GNU и Richard Stallman, он прв ќе почне да труби, LOL ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1566 on 17.05.2020, Sunday, 22:23:02 »
Незнам дали добро ја свати поентата на видеото, кога го прашуваат дали NSA му пристапила на Linus Torvalds за backdoor. Тој цинички се смее и вика не а во меѓувреме потврдно одговара со главата и некој друг вика дека несмееме да коментираме за тоа. Richard Stallman, Gnu, open source, copi left и многу други трубат тропаат и врескаат ама тоа не променува ништо или скоро ништо.
Државните агрнции од типот на NSA, FAPSI, MSS   и многу други си продолжуваат по своето, милом или силом го добиаат тоа што го бараат. Што се не обелодени Snowden кој се не хакирала и прислушкувала NSA, The Shadow Brokers нудеа за продажба огромен арсенал на алатки и експлоити украдени од NSA. NSA има листи за мониторинг на сите што го симнале TOR, Tails или некоја слична апликација. Но сето тоа е брзо минливо, посебно со добра пропаганда, и изјави од типот ако не правиш ништо лошо нема што да криеш.
Кучињата лаат караванот си мине.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1567 on 17.05.2020, Sunday, 22:40:43 »
Другари, ако нема, ускоро ќе има десетици илјади сателити. Бог илон знае со што ќе се опремени. На телефонот имаш камера со 12 комапиксели што си го зел "безпари". На п30 месечината се гледа како да ти е на 2 метра. Ќе се криеш? Каде :)
 

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1568 on 18.05.2020, Monday, 00:08:26 »
Richard Stallman, Gnu, open source, copi left и многу други трубат тропаат и врескаат ама тоа не променува ништо или скоро ништо.

Доволно е само да посочат на делот од кодот кој е наменет за прислушкување, ништо повеќе ;). Ова не е Android па се да е врзано со Google производи и практично да не можеш да искоментираш се што е "Google related"... бидејќи тогаш нема да работи оперативниот систем (мислам на Android). Linux kernel-от не е правен со идејата да биде производ на компанија, затоа лесно може да се додаваат и вадат работи од него (лесно... условно кажано, но во никој случај не и скоро неизводливо, како што е случајот со Android).

Државните агрнции од типот на NSA, FAPSI, MSS   и многу други си продолжуваат по своето, милом или силом го добиаат тоа што го бараат.

До некаде да, но не целосно... и не баш од сите. Од по tech savvy guys, се разбира дека не добиваат баш се што им треба како информација, а баш од нив им требаат оние информации кои ги добиваат од обични смртници. Тие информации кои ги добиваат од обични смртници, може да ги употребуваат само во маркетингшки цели, што и го прават Google и останати компании години наназад, но освен тоа... практично тие информации за ништо друго не може да се искористат.

Што се не обелодени Snowden кој се не хакирала и прислушкувала NSA, The Shadow Brokers нудеа за продажба огромен арсенал на алатки и експлоити украдени од NSA. NSA има листи за мониторинг на сите што го симнале TOR, Tails или некоја слична апликација. Но сето тоа е брзо минливо, посебно со добра пропаганда, и изјави од типот ако не правиш ништо лошо нема што да криеш.

Е добро де, тоа е повеќе од јасно... и што искористија од тие информации? Практично ништо. Се прислушкува многу, ама квалитетот на информациите е во најмала рака, дискутабилен. Шо ако знам дека некој будала од некаде имал швалерка и дека праел не знам какви перверзни работи со неа... апсолутно неупотреблива информација ако станува збор за некој тотално небитна особа, некој месар во некоја продавница.

Практично, над 99% од прислушкуваните информации им се од таков карактер.

И ако веќе толку мислите дека информациите кои ќе ги соберат од вас се толку важни, не користете смартфон и користете open source оперативни системи на вашите компјутери. Мислите дека смартфони се неопходни во денешно време? Јас сум жив пример дека апсолутно не се.

Кучињата лаат караванот си мине.

Истото важи и за 5G и за многу други работи... ние си дрндаме, а што како ќе биде, веќе одамна е одлучено.

На п30 месечината се гледа како да ти е на 2 метра. Ќе се криеш? Каде :)

Прво, треба да знаат што да бараат. Поентата е да не знаат, get it ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1569 on 18.05.2020, Monday, 07:24:52 »
Види, никој нема да седи и да набљудува 8.000.000.000 луѓе, (освен Бог), нити пак може да збира безкон3чно ппдатоци, љма по потреба ќе имаат моќна алатка. Од друа страна пак, побарај да видиш кој ги врти парите. За сузбивање на криминалот неопходноне да имаш такви алатки. Мислиш дронојте ги измислија ние да си играме со ними ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1570 on 18.05.2020, Monday, 08:57:50 »
Види, никој нема да седи и да набљудува 8.000.000.000 луѓе, (освен Бог), нити пак може да збира безкон3чно ппдатоци, љма по потреба ќе имаат моќна алатка.

Таа моќна алатка не е ништо повеќе од глорифициран search engine. Мислите дека DARPA, CIA, FBI се кој знае какви агенции со не знам какви ресурси на располагање. Моментално зависат од IT гигатнти како Google, FB, итн. Ако они не им достават она што го бараат како алатка, нема како да го најдат она што го бараат.

Немојте да мислите дека се семоќни. Они имаат оставено таков впечаток во минатото, но во сегашноста, во ова дигитално време, апсолутно губат, не се снаоѓаат добро и зависат од IT компании. Практично, за да бидат пак на врвот, треба скоро сите вработени да им се, освен агенти, и IT обучени, да знаат да кодираат и ред други работи... а вакви луѓе имаат буквално шака, само шпиуните. Со 50, 100 вакви луѓе на светско ниво, ништо не правиш. Немојте да се залажувате со филмовиве, ицкуцај 10 линии код или 10 команди и наеднаш супер компјутерот од DARPA може да најде се ::).

Ако некој има шанси да има предност на ова поле, тоа мислам дека се Русите и Кинезите. Паметниот молчи. Они полека ама сигурно си се враќаат назад како светска сила, така да, лично јас, мислам дека имаат голема предност на ова поле, но не се перчат со тоа. Ако не повеќе, не за џабе нема добар хакер, а да не е Русин или Кинез ;).

Мислиш дронојте ги измислија ние да си играме со ними ?

Дроновите беа неминовна последица на напредокот на микроконтролерите (поточно SoC-овите) и step моторите. Станаа евтини за изработка и сосема нормално е да се популаризираат. Се разбира дека секоја технологија која ќе се пронајде прво се користи во воени цели, па во медицнски (ако може да има некаква употреба таму) и тек тогаш, ако има интерес, за масовна комерцијална употреба, ама немојте да мислите дека моментално имаат „не знам какви“ технологии на располагање. Егзоскелети и слични работи не се новитет, наназад 30 години се работи на нив. Слично е и со интелигнетните роботи и хуманоидите. Тоа не се новитети... само што сеуште се скапи за изработка и затоа не се во комерцијална употреба. Кога ќе станат евтини за изработка, ќе ги има и во комерцијална употреба.

Мое лично мислење е дека, моментално, овие агенции и нема кој знае што да понудат од новитети и дека целосно зависат од IT компаниите, што не било случај во минатото. Затоа и го имаат стекнато она реноме од кои сите имаат страв во коски од овие агенции. Не му се тресете многу, одамна веќе не се „на врвот на играта“ ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1571 on 18.05.2020, Monday, 11:41:58 »
Види, немаат, ама ускоро ќе имаат. Види кина, види србија. И да имаат нема да ни кажат. Точно дека не можат сите истовремено да не следат, ама дека имаат тригери, дека можат поедински да следат. Е пробај барај како да напрајш нуклеарка оружја снајпери одма ќе ти сејават од наградна игра или анкета xD

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 735
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1572 on 18.05.2020, Monday, 17:48:42 »



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Клипчиња
« Reply #1573 on 18.05.2020, Monday, 21:52:24 »
Види, немаат, ама ускоро ќе имаат. Види кина, види србија. И да имаат нема да ни кажат.

Да бе, и као демек они ги имаат изработено ::). Абе се се тоа подизведувачи, оваа компанија, оној freelancer, не знам кој хакер... се им е тоа склапано од 100 места и потоа „ние имаме технологија“ ::)... на шо ќе ја имавте да не беа тие што сте ги платиле.

Во минатото не беше така. Порано, луѓе во овие агенции навистина имаат работено на нови технологии, развој, се одвојувало буџет за проекти... сега има буџет за подизведувачи на тој и тој проект ::). Чим даеш на друг да ти праи она што треба сам да го направиш, го обра бостанот. Волкот си е дебел во вратот зашто сам си ги коле овците.

Да се разбереме, не дека сум за тоа се сите сами да си правиме. Прво не сите имаме знаење од „се“, второ, многу поевтино и помалку макотрпно некој друг да ти го направи сега (особено со Кинезиве, LOL :D), ама за вакви важни работи, ако му остаам јас на Чинг Чонг Чунг да работи на проект за безбедноста на државата, плукни и се на безбедноста. Јас по моја логика идам :D. Мене некој да ме најми, сигурно нема да им го предадам проектот без backdoor :D. Ваљда не сум единствен „будала“ што вака размислува :D.

Е пробај барај како да напрајш нуклеарка оружја снајпери одма ќе ти сејават од наградна игра или анкета xD

Wanna bet ::). Сум пребарувал, не еднаш, не знам колку пати. Не ради друго, сум се интересирал. Еве, ако сакаш, ќе оставам цела вечер сега бот да пребарува од моја IP. Абе гол на плоштад ќе трчам ако ми се јави некој ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Клипчиња
« Reply #1574 on 18.05.2020, Monday, 22:34:23 »
Мислам дека последните коментари треба да се преместат.
Незнам за какви ресурси мислиш но буџетот на американските агенции NSA CIA FBI и слични лани изнесувал скоро 82 билјони долари, и тоа само познатиот дел, според мене тоа е огромен буџет. NSА има околу 30 илјади вработен нивната цел е собирање информации и пронаоѓање нови начини за собирање информации во електронските комуникации.
NSA е лидер во дизајнирање на технологии за електронски мониторинг.

Не пишуваат команди или бараат во некој пребарувач (освен за нешто конкретно), едноставно ги собираат сите достапни податоци за сите луѓе и потоа бараат тригер зборови и поврзуваат луѓе и случувања. NSA има огромни дата фарми со капацитети од по неколку zettabytes, и  AI со процесирачка моќ да ги обработи и анализира тие податоци.

Русиа и Кина заедно немаат толкав буџет колку NSA, плус NSA преку prism програмата има директен пристап до целиот интернет што доаѓа или транзитира во/низ америка. Русија и Кина се далеку од конкуренти на Америка.
Како што пишав во претходниот пост, има изјави дека многу компании се финансирани од CIA од самиот почеток, тие компании практично работат за CIA и NSA, така да секоја информација која е достапна кај компаниите е достапна и кај агенциите.
Во последните неколку години, агенциите намерно работат со приватни компании бидејки приватните компании не подлежат на законите за пристап до информации, немора да откријат никакви информации, се е деловна тајна.

Незнам како мислиш, немаат што да понудат од новитети? Функцијата на тие агенции не им е нас да ни нудат новитети, се што измислат/направат го користат за потребите на агенциите или армијата па можеби потоа некоја технологија ќе се прелее и во цивилниот сектор.
Не викам дека некој треба да се тресе од некоја агенција, тие агенции масовно собираат информации и ги користат за нивни потреби, претежно контрола и манипулација.
Агенциите особено NSA не се на врвот на играт, они се играта, моментално никој неможе да им конкурира ниту може да се заштити од нив.
Огромните компании како Google Facebook Instagram и слично им служат на агенциите, затоа се масовно финансирани од тие агенции, и затоа им се дозволува да работат така. Тие компании го прекршуваат буквално секој закон за приватност и заштита, доколку, не ги делат информациите со агенциите, ќе ги испозатворат за недела дена.

Неможе баш така да се стави backdoor на некоја технологија, кога се работи за големи компании или држави, и да не е opensource има code auditors кои ќе го проверат кодот за сигурносни проблеми.
Wanna bet дека си некаде на некоја листа :)
Сепак се ВРТИ !!!