Според мене сите гарнитури се исти, на сите им се знаат сите го....рии, секојдневно се парадира по тв кој колку и од каде присвоил, тоа не е способност или интелигенција.
Успешен план за местење на избори не е тој план кој ке го знае цела држава ама неможе ништо бидејки има вооружени лица пред секое гласачко место, тоа е прост криминал.
Јас мислам дека една од главните причини за оглупавувањето на народот се партиските вработувања, важно е да се вее партиското знаме и колку гласови ке се донесат на избори. Квалификациите, способностите и менталниот капацитет не се важни бидејки нема да се користат. Образованието во Маќедонија е сведено на жалосно ниво, се полнат школите со партиски професори кои немаат поима од предметите кои треба да ги преедаваат, тоа не е од сега тоа е последните 15 години.
Самосвсет кај европските/светските полотичари, можеби за национални теми да не извршат велепредавство, светските политичари лажат и крадат многу повеќе од балканските.
Светските политичари/лидери, крадат/лажат но оставаат и за народот а и за утре, тие се многу поуспешни во пропагандите мачкањето очи и криењето на вистинските потези, ако почнеш да бараш и за северните народи ке најдеш криминал лаги и многу други позлобни работи од балканот, но треба барање бидејки успешно ги манипулираат сите информации.
Америка е држава со најуспешен систем за перење мозоци, сите медиуми, сите филмови се со таа цел, тоа е успешно замаскирано како доброто за народот, секој кој ке почне да шири други информации е етикетиран како заговарач, комунист, предавник, и за кратко време тоа завршува.
Доколку кај нас некој почне да прави такво нешто секој втор ден ке излегува по некој господин на тв и ке изјавува: Ви го переме мозокот.
Незнам дали местоположбата игра улога или гените но на балканот и државите кои ги спомна, изгледа како лидерите да не се замараат со јавното мислење или последици од нивните постапки, или се многу глупави или мислат дека народот кој го водат е глупав и кукавица и можат без разлика на се да го манипулираат.
Не сум сега во Македонија незнам но до 2015 сигурен сум дека имаше многу повреди на работно место кои не се пријавуваа од страв за последици или се пријавуваа без никаков ефект, или газдите компензираа минимално (за лекарските трошкови), без никаква официјална пријава записник или казна.
Работодавачот не смее да му дозволи на работникот да биде на работно место или да ги извршува работните задачи без соодветно пропишаната заштитна опрема.
Таблите кои се ставаат по градилиштата на кои пишува задолжително носење на соодветна заштитна опрема, тоа важи за сите кои влегуваат.
Во последните 10/15 гидин простите работници доминираат во секој сектор, не викам дека сите се прости но во секој сектор се примаат вработените претежно на партиска основа, без разлика приватен или државен сектор.
Има и способни и стручни работници но тие скоро и да не се приметуваат од масата неспособност.
Незнам зошто Македонците (не сите) се флегматични, приметив дека тоа е само долколуку се повеќе на истото место посебно ако се мнозинство во групата/смената, кога се еден или двајца се прилагодуваат на темпото на другите и не се влечат. Компензацијата ке дојдам во 9 па ако треба ке работам покасно не оди ако дојдат на време нема да има потреба од останување покасно, ниту другите кои дошле на време да ги чекаат и да губат поради нив.
Незнам даљи Славјанските народи се склони кон самоуништување или се неспособни да се водат и одлучуваат за сопственото добро и затоа се уништуваат ненамрно. Се согласувам дека дека не сме доздреани за капитализам/демократија.
Социјалниот и економскиот систем се има сменет на многу држави, многу од нив се имаат трансформирано/адаптирано и успешно продолжено.
Ние немаме желба за такво нешто, не ни треба благ диктатор, ни треба реален/праведен(доколку постои таков) но суров и безмилосен. Да се казнува секо застранување строго дури тогаш има шанси за промени на подобро, принудни но сепак промени.
Не е до платите или до финансиските можности да се издржи штрајк, знаат што сакаат, што заслужуваат и решени се да го постигнат тоа.
Пред 10+ години бев обезбедување на штрајк во Радовиш, после 2 дена виканње, пцуење и закани излезе директорот и на 3ца (најгласните, тие што ке го убиеја) им рече, влегувајте на работа и господат газолижечки (добро директоре, добро директоре) влего и ги оставија другите. Штрајкот престана другиот ден бидејки се поделија работниците.
Од тоа страда Македонскиот народ и тие се причините што нема штрајкови, кукавичлок себичност и предавство таков е менталитетот.Не е до финасиите европските држави имаат такви плати и услови бидејки се имаат изборено за нив и ги имаат заслужено.
Во светот на 1ви Мај се штрајкува за работничките права, во Македонија се прават скари на сите страни.
Незнам од кога се произведуваат електронски осигурачи, тој што го уништив мислам дека е од 2008/9 година.
Доколку ми падне во рацете некој помлад кој можам да го прежалам ке проверам
.