Што се однесува за професорот, во старото време за вакви работи не ги бркаа од работа...
Можеби, ама јас не сметам дека е ова исправно. Да, дека работите се поразлични од порано, апсолутно се, ама ова не е решение. Доволно е да се вратат назад воспитните единици и тегнење за „џигерици“ (бакембарди
, Скопски жаргон, едно време беше „шема“
). Ова е премногу... барем јас така мислам. Го отепа детено :S. Прејак удар е, можно е да остави последици... а да не зборуваме за тоа дека и навистина може да го убие. Ако има аневризма или нешто слично... и те како може да му се случи нешто и да заврши во кома или не дај боже нешто полошо :S. И за што
, зошто се зезал на час :S. Не иде. Не за џабе деца се казнуваат со плескање по газ. Боли, а не може да остави последици
. И јас сум за да има ред и дисциплина на час (во културни граници, не сум Хитлер
), а за тоа, доволно е да се врати само она што го пишав погоре и родителите малку посериозно да си ја сваќаат воспитната работа, а не се да оставаат на школото, маалото и бабите/дедовците.
Да бидеме искрени, за оваа ситуација пред се се виновни родителите, ама тоа е, според закон, наставник не смее да допре ученик. Тужат, се и сешто прават... место навистина да се заинтересираат што точно се случило и да направат разумна одлука (ако навистина претерало детето, да не се закануваат со тужби... си добил тегнење по бакембарда и тоа е тоа, си го заслужил). Арно ама, динамично време, не сакаат да се замараат, имаат повеќе работни обрвски, бизниси, тантере пантере
. Наједноставно е „наставникот е крив“ :S.
А и професорите не сакаат да се замараат. Апсолутно ги разбирам. Без разлика дали се замарале или не, они пак на крајот од месецот иста плата ќе земат. Порано, да, имаше некој морално-етички кодекс, се знаеше како треба да се однесува и како треба да постапува професор и постарите професори ги „обучуваа“ помладите како треба да се однесуваат и да постапуваат со учениците. Сега... никој не се замара. Премногу администрација, се треба да биде црно на бело или електронски достапно, а тоа остава малку време за воспитната улога на професорот, освен тоа се мора да биде „во рамки на опишаниот наставен час“, што е нон сенс (не може се што се случило на часот да се опише со зборови, тоа е исто како на некој да му кажеш „опши ми го концеротот“... нема логика
, се знае, тие работи се доживуваат
, или ќе отидеш и ќе го доживееш или не
) и работите се такви какви што се :S.