Нема потреба од тоа. Тоа се користи за swf (Shockwave Flash). Доволно е само да се стави линкот, скриптата сама го препознава линкот дека е од youtube и му прави embedding. Проблемот е што скриптата и апликацијата за неа се стари, а сега сите линкови од google, вклучувајќи го и youtube, почнуваат со https, па затоа скриптата не може да ги препознае. Се што треба да направи е да го избрише тоа s од https и нема да има проблем, скриптата ќе си го препознае клипот.