Знам дека малку доцна пишувам, ама немав време претходно да ја изнализирам шемата.
Значи вака, има неколку приоди преку кои може да пробаш да го корегираш излезниот напон. Главниот switching контролер е LTA201P, а неофицијално, негова замена е TEA1552T
. Колку е ова точно, не знам, ама според application шемата од datasheet-от на TEA1552T, не верувам дека му е директна замена на LTA201P. Значи, во принцип, ќе се водиме според datasheet-от на L6561 и TSM103.
L6561 е power factor corrector, што значи дека всушност мери колкава е потрошувачката на примарната страна и врши корекција на потрошувачката на моќност. Во принцип, има заштитна функција. TSM103 е dual Op-Amp со voltage reference, што значи дека он всушност го врши мерењето и корекцијата на напонот од примарната и секундарната страна. Тебе ти треба да го модифицираш колото околу оваа секција
.
Е сега, што е проблемот. Овој полнач нема само една повратна врска, има две. Едната се користи за sensing и индиректна корекција на напонот од повратната намотка на примарната страна од flyback напојувањето, а другата се користи за директна корекција на switching фреквенцијата на LTA201P, со цел да се искорегира излезниот напон на секундарната страна. Се разбира, за второво, нагаѓам, без datasheet за LTA201P, не може прецизно да одредам :S.
Во колото има и два оптокаплери, PC300 и PC301. Првиот се користи за првата корекција, а вториот за втората корекција. Колото околу првиот оптокаплер (PC300) нема да го чепкаме бидејќи тој се користи за корекција на излезниот напон во случај влезниот напон да падне или се крене. Тоа не ни треба на нас, на нас ни треба нова референтна вредност за излезниот напон при исти услови на работа на влезот (примарот). Тоа всушност значи дека треба да го корегираме колото околу PC301, да го излажеме switching контролерот да мисли дека излезниот напон е ОК (дека има излезен напон од 19.7V, а всушност има излезен напон од 15V). Е сега, дали ќе може фреквенцијата на прекиување да падне до вредност доволна за да излезноиот напон биде 15V, не знам. Можно е ова да функционира само за многу мал дијапазон на промени (+-1, 2V)... треба да се проба и да се види
.
Прва „цел на напад“ ни е R304 (обележан на сликата). Има вредност од 300Ohm-и. Место него, во серија постави реостат со вредност од 200Ohm-и и отпорник од 100Ohm-и. Пробај да видиш дали со намалување на вредноста на реостатот ќе почне да опаѓа напонот на излез. Ако опаѓа, види до која вредност паѓа. Со цел да не го изгориш полначот, не е лошо да одиш со мали промени на вредноста на реостатот. Пробај со промена во чекори од, на пример, 20Ohm-и. Уште подобро е ако можеш да најдеш повеќеобртен потенциометар, за попрецизна контрола. Исто така, ако имаш можност, во серија со реостатот и отпорникот од 200Ohm-и, врзи и амперметар, ама некој по осетлив и прецизен, да може релативно прецизно да мери вредности до 100mA. Струјата низ LED диодата не смее да надмние вредност од 50mA бидејќи ќе го изгориш оптокаплерот, а тоа може да доведе и до други кварови и проблеми, така да, подобро е да се избегне отколку да се ризикува. Ако забележиш дека јачината на струјата низ LED диодата од оптокаплерот се приближува кон горната граница (на пример, 40mA), а ти си постигнал многу мала корекција (на пример, -2V), батали го овој пристап, ќе пробаме на друг начин
.
Значи, сега се сега, пробај го ова, ако ова не успее, ќе пробаме на друг начин, има и други приоди
.