Author Topic: За спамирањето и слично....  (Read 6222 times)

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
За спамирањето и слично....
« Opened on 01.02.2014, Saturday, 10:59:00 »
Едно мислење..админите и модерните да направат една листа на тие со два или повеќе никови а идат од една IP адреса,да знајме со кого прајме муабет,да не се малтретираме за џабе
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #1 on 01.02.2014, Saturday, 12:00:47 »
Моментално само еден е така упорен, другиве или се откажале од обидот или пак си се откажале од дуплите акаунти, голем дел имаат признаено дека имале дупли акаунти па си одбраа кој сакаат да го користат а кој да го бришат.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #2 on 01.02.2014, Saturday, 14:18:07 »
Quote from: Otpor
...со два или повеќе никови а идат од една IP адреса, да знајме...

Претпоставка!
Имам два сина кои учат електроника и сакаат да бидат членови на форумот со свој акаунт (nickname). И тројцата заедно со мене имаме секој сопствен -компјутер- а користиме иста IP адреса.
Прашањето е како ќе биде санкциониран еден од тројцата а останатите двајца да си фунционираат без проблем.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #3 on 01.02.2014, Saturday, 14:20:35 »
Quote from: Otpor
...со два или повеќе никови а идат од една IP адреса, да знајме...

Претпоставка!
Имам два сина кои учат електроника и сакаат да бидат членови на форумот со свој акаунт (nickname). И тројцата заедно со мене имаме секој сопствен -компјутер- а користиме иста IP адреса.
Прашањето е како ќе биде санкциониран еден од тројцата а останатите двајца да си фунционираат без проблем.
НЕ! Спокојно и без гајле, само ке ми кажеш дека тие и тие никови се од твоето семејство за да знаеме.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #4 on 01.02.2014, Saturday, 14:22:45 »
^Хипотетички одговор на хипотетичко прашање , проблемот им е  дома треба да си го решат тие што ја користат истата адреса ,  не е на админите да откриваат и спроведуваат истраги .

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #5 on 01.02.2014, Saturday, 14:43:02 »
Quote
проблемот им е  дома треба да си го решат тие што ја користат истата адреса

Еве јас не знам како! Дали би бил љубезен да напишеш како тоа да се изведе ако имам само една IP адреса.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #6 on 01.02.2014, Saturday, 15:11:29 »
Дозволете вака :значи Администрацијата има можност да ги види IP адресите на оние кои го посетуваат како гости  или се логираат како членови.Практиката е ,ако гледаме дека  некои од вас од иста IP се логираат со два или повеќе акаунта ,најљубезно ги  предупредуваме или да се изјаснат кој акаунт ке го користат или како што рече Тома дапотврдат дека двајца или тројца членови од исто семејствоја користат таа IP.Значи,се е работа на љубезност  и  соработка.Имаше членови кои го  користеа тоа,но со други цели и намери,а да не зборувам за поединечни случаи ,кои веќе  банирани поранешни членови пробаат да сметаат ,правејќи нови акаунти.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #7 on 01.02.2014, Saturday, 15:14:25 »
^Па веројатно комуницирате  по дома сите треба да се знае дека работи што не се дозволени треба да се  почитуваат и треба со разговор да си го решите проблемот , ако не може  DX-er  ти го посочи решението .
Се однесува на Тома , Батка во меѓувреме напиша одговор

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #8 on 01.02.2014, Saturday, 15:39:54 »
izotop Имаш ли деца? Дали комуницраш со нив на темата како да се користи интернет и дали те слушаат и го прават онаа што ти ќе го „наредиш„ а парите ти се толку да платиш интернет само за една адреса.
Сепак поентата беше ако се банира еден по  IP адреса, тогаш и другите двајца немаат достап до форумот без разлика што не направиле ништо со што би бил повреден правилнокот на форумот.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #9 on 01.02.2014, Saturday, 15:46:50 »
Во тој случај има други решенија т.е. нема да се банира по IP адреса, туку само по никот.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #10 on 01.02.2014, Saturday, 15:57:04 »
Имам дете Тома ама е многу малечка за интернет , иако почнува да неслуша од сега  :D.
Ти посочија и предходно админите  ќе банираат по Ник не по адреса . Не се нервирај моите одговори се однесуваа на персони кои прават глупости како Делија ,Пепи или како и да се крестува  и некои слични  ако имаш проблем објасни сигурно ќе ти излезат во пресрет.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #11 on 01.02.2014, Saturday, 17:47:14 »
@Toma: Обично, по стил на изразување се познаваат членовите. Имало случаи кога од иста IP се логирале повеќе членови, па ако забележиме вакво нешто, обично прашуваме преку приватни пораки. Ако се работи за членови кои не се проблематични и ако очигледно, по стил на изразување, станува збор за различни луѓе, најчесто никакви мерки не превземаме. Само за проблематични членови се „згнуваме“ да дознаеме повеќе.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #12 on 01.02.2014, Saturday, 18:03:29 »
не сум компетентен, ама за момент да се вмешам...конкретно за Тома, значи чоеков има репутација на форумов, не е било кој кретен што спамира, појќе има дадено корисни информации него што побарал. Мислам за ваков случај не претставува никаков проблем, могу се малку бројни...додека спамери како овај славко што беше проблематичен...се повеќе и потешки за решавање :D

Јас фала богу ништо немав сфатено уште, вие знаевте за кој член се работи (за гоуст) и саниравте :D

Админиве колку шо знам се во тек со сите настани...така да со една пп или слично ќе прашаат/принудат еден да избриши.

Јас проблематичен сум (ке*ам) на моменти, за време дур сум баниран сакав да напрам нов акаунт чисто да сум во тек, ама не вреди...а и имам едно другарче шо ако се пиши на моја тема ќе ме извести :D

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #13 on 01.02.2014, Saturday, 18:26:42 »
Стварно, се познава Тома, секогаш кажува по нешто корисно... А и по стилот, тој ми е нај-препознатлив по стилот на пишување, литературно и ги исправа ама буквално СИТЕ грешки.
Има уште некои членови што се препознатливи по стилот.. на пример јас ;D по три точки кога пишувам...
А nsu обратно, него му фалат точки... :D ;D ;D
да не набројувам понатаму, сите имаме свој стил на пишување, и тој може да не разоткрие... ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: За спамирањето и слично....
« Reply #14 on 01.02.2014, Saturday, 18:44:18 »
Добро за фамилиојарно членство има попуст xD Иако не сум дел од админите, сепак се надевам дека може да се најде решение, не би требало да е проблем, меѓутоа стварно не ја сваќам поентата да се самонаречиш хакер, да прајш 100 акаунти со цел да забушаваш некој форум или да го туркаш.. Хакер си, бујрим направи некој програм за преферации на клиенти, или за некој си бизнис ем 100 пати е попродуктивно ем е многу олатено... можи така размислувам дека имам за тоа школо завршено, не дека не сум правел како детиште кракови или тренери за игрици на пример(додуша кај тренерите и нема нешто лошо)... Доколку се наиде на разбирање на таквите ченови, мој предлог е да им се објасни зошто не е добро тоа што го прават, па да се банираат..