Јас пак зборувам за мод на хибернација.
Колку знам овој мод скоро и да не троши струја. Имено доколку батеријата од лаптопот е на резерва (мин) за да не би се изгубиле податоците, а да не го гасиме компјутерот, се става комјутерот во хибернација во која би седел подолг период па и цел ден. Зборуваме батеријата да е на минимум.
Која е разликата од shut down ? При комплетно гасење треба да ги меморираме (зачуваме) поставките од работата што сме ја оставиле и при повторно бутирање на системот потребно е се комплет одново да се стартува. Кај хибернацијата не треба да ги затвараме и меморираме податоците, компјутерот т.е оперативниот систем она што е на РАМ-от самиот го става на хард диск, компјутерот влегува во хибернација и кога ќе се "разбуди" повторно ги имаме програмот сосе податоците во состојба каква сме ги оставиле. Слично како слип модот, само што е различно. Слип модот (стенд-бај состојба) се разликува од хибернација по тоа што податоците остануваат на РАМ-от, компјутерот оди во состојба на пауза (како кога ќе се стави двд плеер на пауза) и троши системот струја колку да ги зачува податоците таму кај се нашле. Хибернацијата не го прави тоа пошто податоците се на хард. И затоа се вика дека хибернација не троши струја (важи за лаптоп) освен за полнење на батеријата.
Така да мислам дека овој мод на камионџијата ќе му одговара најповеќе пошто велите дека батериите на лаптопот му се наполнети, а напојување зема од инверторот, па кога ќе заспие, лаптопот ќе влезе во хибернација и нема да троши струја освен евентуално за да ја дополни батеријата. И тоа би можело некако да се реши да речеме од усб порта, да се влече напон кој би бил или "референтен" за некој напонски компаратор како на пример LM311 или операциски засилувач како LM741 преку кој да некое реле го изгаси инверторот, или пак самиот напон, кога ќе се "угаси" лаптопот, ќе го "гаси" релето. Ова чисто како размислување пошто ми текна во моментов додека пишувам.
Најдобро е да не го става лаптопот на инверор освен кога вози т.е работи машината како би се полнела батеријата, а кога е машината изгасена лаптопот да работи само на батерија со вклучен мод за хибернација.