2-3 звучника кои ми се изобарици, ги правам со дебел картонски обрач потоа лакиран. Направи си таков обрач при што ке биде барем 1цм висок, од неколку слоја, доволно колку да се пополни местото за гумата, лепиш во повеке слоја, вертикално поставен картонот. Значи во вертикални слоеви не хоризонтално.
Користи картон за моделирање или било каков подебел картон. Откако ке го изработиш залепи ги 2та звучника и картонскиот обрач меѓу нив со силикон.
Провери го дихтувањето со притискање на двете мембрани една кон друга. Би требало тешко да оди но сепак дел од воздухот да излезе, сепак не е херметички спој.