Еве да ги земеме за пример мобилните телефони. Знаеме дека големите компании имаат можност да ги прислушкуваат нашите разговори, да ги читаат нашите SMS пораки, да одредат во кој дел од земјината топка се наоѓаме, па сепак сите сакаме да имаме мобилен телефон. Ситуацијата е уште полоша со паметните телефони. Многу повеќе податоци може некој да дознае за нас, доколку поседуваме паметен телефон. Овие телефони имаат интернет конекција, GPS уред, пристап до нашите банкарски сметки и ред други работи, па сепак сите сакаме да имаме што подобар паметен телефон, со што е можно повеќе опции. Сите тие опции, им даваат многу повеќе шанси на оние што сакаат да ни наштетат, многу полесно да стигнат до нивната цел.
Exactly my point
. Технологијата може да се користи за многу добри работи. За жал, најчесто се користи за лоши :S. Последен пример е NSA и аферата со прислушкувањето. Но, за ова се дозна... замислете за колку активности од овој вид нема никогаш да се дознае
.
Уште еден пример: Да речеме дека родителите на своето дете, тинејџер, му дале обичен мобилен телефон (Nokia 3310 ). Сите пријатели ќе му се смеат и ќе го зафркаваат тоа дете поради мобилниот телефон, затоа што сите други имаат iPhone или HTC со Android. Тоа дете ќе се бори со сите сили да добие паметен телефон, за да не заостанува зад другите деца, иако тој телефон има и негативни особини, наведени претходно.
Тоа се вика „челичење“ на карактер и се правело порано, а во денешно време... мене ако ме прашате, малку премногу се размазени децава. Дај, на, дај, на
. Се знае, ако сака smart phone, ќе си го заслужи. Ама ова е друга тема веќе, да не навлегувам во ова.
Сигурно нема да му дадам на мое дете Nokia 3310
. Апсурдно е тоа, дури ни јас (обожавам simple модели BTW
) немам таков
.
Според мене, во иднината (освен ако не настане некоја катаклизма или не изумреме сите од нуклеарна војна
, што е прилично веројатна опција
) ќе имаш две опции: или ќе бидеш дел од „интегрираното“ општество (со вакви пронајдоци, како чипот, се цели кон тоа) или нема да бидеш дел. Изборот е твој. Секој си има предности и недостатоци, како за тебе, така и за твојата фамилија и потомство (ако решат да те следат по било кој пат, се разбира). Твое е да избереш дали во конкретниот момент и ситуација, притоа, пробувајќи да предвидиш (колку што можеш подобро) како ќе се движат работите во иднината, да одлучиш кој пат ќе го избереш: оној на „отфрленик“ (outlaw) или оној другиот, според сите „општествени рамки и норми“, нормален пат. Како и да избереш, губиш, прашањето е, во која ситуација губиш повеќе
.
Мое мислење е дека ќе дојде време кога луѓето сами ќе бараат да им се вгради чип, поради поволностите што тој чип ќе ги нуди во иднина, без оглед на негативните работи.
Според мене, токму ова е трагично, што луѓе сами ќе бараат да им се вгради вакво нешто и ќе те гледаат чудно (а може и да станеш и „сомнително лице“) ако не сакаш да го направиш тоа... или на твоето дете не сакаш да му се вгради вакво нешто, итн.
Мое мислење е дека, сега за сега, немаме ни доволно свест, ни доволно сме интелигентни за да може разумно да раководиме со ваков тип на технологија, а кога би биле доволно свесни и развиени за да можеме да раководиме со ваков тип на технологија, истата нема да ни треба
. Многу поблиску сме до мајмуни отколку што мислиме
. Во еден документарец, некој научник, не ми текнува кој, направи една интересна споредба, вели вака: „Во денешно време ги имаме сите овие напредни помагала, компјутери, мрежи, паметни телефони... тоа е се убаво, ама човечкиот ген, од каменото доба до денес, се има сменето само за 0.3%. Тоа е исто како да инсталирате денешен софтвер на хардвер од праисториско доба“. Убава мисла, ми се допаѓа
. Од овие причини, мислам дека сите овие муабети паѓаат во вода
. Мислам дека немаме доволно капацитет да размислуваме на оваа тема. Кој сака може да се сложи, кој не сака, не мора, не ми е целта да навредам никој, ова е чисто мое мислење
. Ние сеуште се убиваме поради глупави религиски или расни разлики, сме преокупирани со цензура, авторски права и што уште не... да, дефинитивно мислам дека не сме спремни за ова
.