Author Topic: Проблем со ТВ JVC LT-26A61su  (Read 1773 times)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Проблем со ТВ JVC LT-26A61su
« Opened on 09.01.2014, Thursday, 16:56:19 (Edited 09.01.2014, Thursday, 17:05:11) »
значи вака станува збор за тв, марка JVC моделот е LT-26A61su, проблемот е со екранот, кога го уклучам на екранот само се појавува слика и веднаш ја снемува (flash), а лед диодата за индикација си останува да свети.Што би можело да биде?. напојувањето  изгледа е здраво. ако треба уште некоја информација, кажете ке пишам.  :)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со ТВ JVC LT-26A61su
« Reply #1 on 09.01.2014, Thursday, 20:50:23 »
Од „изгледа“ до „здраво е“, има огромна разлика ;). Штом се гаси, нешто не е во ред. Кога ќе се изгласи екранот, продолжува да се слуша звукот? Ако продолжува, постави го под јако светло, ако можеш да видиш што се прикажува на екранот, значи неонките или секцијата за напојување на неонките зеза.

Еве service manual за телевизорот.

Code: [Select]
http://elektrotanya.com/jvc_lt-26a61bj_lt-32a61bu_chassis_ft_sm.pdf/download.html
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Проблем со ТВ JVC LT-26A61su
« Reply #2 on 09.01.2014, Thursday, 21:02:38 »
Ако има звук а екранот се гаси сигурно е до неонките.Знаам на пракса кај еден мајстор вака исто и на многу други телевизори имаше дефект после некое време тоест скоро одма се гаси екранот звук има и нормално диодата за индикација свети,он велеше до неонките е. Но немора до тоа е ама јас така претпоставувам.Ќе ти кажат поискусните јас два три телевизора ЛЦД имам отварано до сега.На овој 66 цантиметри мислам дека му е екранот.Ту ама тие неонки скапи се но немора да значи дека е до нив може како што кажа Гигават баш и до секцијата која ги напојува да е.Но сепак види некој поискусен што ќе ти каже.Откога ќе ја снема сликата звук има така?
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ JVC LT-26A61su
« Reply #3 on 09.01.2014, Thursday, 22:39:15 »
заборавив да напишам, ТВ-то го оправив, сега работи супер, најверојатно некој проблем со конекторите од напојувањето до драјверите за неонките ;D, на мене ми го дадоа така, и ми рекоа дека е расипан. веднаш потоа го отворив и онака на брзина го прегледав али ништо не ми изгледаше сомнително, али потоа го отворив целосно и имаше подуени кондезатори во напојувањето но ги мерев не беа споени инертно, значи потоа откако ги исчистив сите контакти и ги вратив сите делови, го пробав и на прва проработе, така да сега останува уште да ги сменам електролитите додека е на време, инаку ви благодарам за помошта. и патем ако и некој друг го има овој тв и има проблеми како кај мене со неонките нека ги провери сите контакти.  ;) истотака откако се изгаси нема никаков звук значи најверојтано има некој заштита којашто го гаси целиот уред ако не засветат неонките.  :)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со ТВ JVC LT-26A61su
« Reply #4 on 09.01.2014, Thursday, 22:47:01 »
Електролитите задолжително смени ги. Иако не јавуваат краток спој, смени ги. Ако јавуваат краток спој, тоа значи дека се веќе пробиени. За да не дојде до тоа, менувај ги ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ JVC LT-26A61su
« Reply #5 on 09.01.2014, Thursday, 22:54:14 (Edited 09.01.2014, Thursday, 23:33:43) »
Нешто слично

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ JVC LT-26A61su
« Reply #6 on 09.01.2014, Thursday, 22:57:39 (Edited 10.09.2019, Tuesday, 14:02:29) »
да тоа е напојувањето, еве ги обележив и подуените кондезатори кои што планирам да ги сменам.

Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со ТВ JVC LT-26A61su
« Reply #7 on 09.01.2014, Thursday, 23:34:06 »
Ма се тоа менувај ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."