На 2x400W засилувач си врзал 3W-ни звучници. Ова е првиот проблем, освен ако не си пазел колку гласно, односно тивко свириш, и со кој инструмент ги побудуваш. На пример електрична гитара со дистрозија има поголеми шанси да ги изгори звучничињата од на пример чисто акустична гитара.
Ако изгореле звучничињата, не мора да значи дека изгореле и излезите од миксетата, пробај со други звучници, не звучничиња.
Ако „рикнал“ засилувачот, епа нека ти е на здравје, ако сеуште ја чуваш гаранцијата (ако ти е на ново земена миксетата), можеби ќе ти го признаат дефектот, ако не им ги кажеш условите под кои се случил дефектот.
Ако немаш гаранција, отвори ја миксетата и види ако можеш да најдеш сервисна шема на интернет за неа. Не знам што мерна опрема имаш така да ќе претпоставам дека имаш барем волтметар. Провери ги сите осигурачи (ако има). Провери дали напојувањето за засилувачот на миксетата го дава потребниот напон за напојување на засилувачот. Ако навистина може да даде 400W по канал (што не верувам, зашто не верувам на спецификации на Behringer), напонот на напојување на засилувачот би требал да биде +/-40V па нагоре. Ова чисто само колку да видиш дали навистина е до излезниот засилувач или дали има и/или некој друг проблем.
Провери го ова па post-ирај резултати. Не е лошо да имаш на располагање и signal tracer.
Ако немаш мерна опрема и не сакаш да се замараш, смени се што е полуповодичко на излезот од засилувачот (тоа значи сите транзистори, сите диоди и интегрирани кола, доколку ги има). Ова не е сигурен метод, но доколку излезниот степен на засилувачот е изгорен, во 80% од случаите, функционира. Значи, немој да очекуваш дека сигурно ќе профункционира ако го направиш ова. Ако не направиш соодветни мерења, може да се случи и исправните компоненти што си ги монтирал, при повторно пуштање на миксетата во работа да ги изгориш. Не ти препорачувам да го правиш ова, освен ако имаш пари за „фрлање“.