Author Topic: UPS Smart Line 500 - поврзување на акумулатор  (Read 8139 times)

Offline mariovo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
UPS Smart Line 500 - поврзување на акумулатор
« Opened on 21.12.2013, Saturday, 20:11:23 (Edited 22.12.2013, Sunday, 04:00:46) »
Имам UPS Smart Line 500, input 220-240V, 50/60 Hz, 2.8A, output 220-240V, 50/60Hz, 1,8A. Користи батерија (акомулаторска) GP1245, 12V, 4.5Ah. Истиот го користам за пумпата на парното греење во случај да има прекин на електричната енергија.
 Бидејќи Батеријата е ослабена и треба да ја заменам, ме интересира дали наместо батеријата можам на UPSот да поврзам акомулатор од 12V, 45Ah, 330A, а при тоа да не предизвикам некоја штета на електроноката на UPSот.
Ги молам сите што знаат нешто околу овој проблем да ми одговорат.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: UPS
« Reply #1 on 21.12.2013, Saturday, 20:59:37 (Edited 21.12.2013, Saturday, 21:09:42) »
Како прво, нити темата ти беше поставена кај што треба, нити насловот ти чини - види ги правилата и смени го...
Во врска со прашањето - негде читав дека може да се стави 45Аh акумулатор, само што ако има чести прекини на мрежата никогаш нема да се наполни до крај, пошто струјата на полнење кај УПС-от е предвидена за мал SLA акумулатор. Исто така не е лошо да ставиш вентилаторче да ги дува транзисторите ако подолго време работи на акумулатор...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Jovicar

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 143
И јас така ми работи парното со 55Ах акумулатор. Нема гајле! само ако ти се испразни акумулаторот не се обидувај да го полниш со УПСОТ. тој дава 6Волти каде што се жичките за акумулаторот кога ти е приклучен на мрежа односно кога има струја.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: LordZi
...негде читав дека може да се стави 45Аh акумулатор, само што ако има чести прекини на мрежата никогаш нема да се наполни до крај, пошто струјата на полнење кај УПС-от е предвидена за мал SLA акумулатор...
Ако има чести прекини на мрежата, по некоја логика и малиот акумулатор ќе се испразни толку многу што UPS-от ќе го нема „времето“ кое е потребно да го надополни и постоечкиот акумулатор со таков капацитет до наредното исклучување на „градската мрежа“.
Така , според мене може да стави било каков акумулатор од 12V со поголем капацитет (Аh) од постоечкиот!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: UPS Smart Line 500 - поврзување на акумулатор
« Reply #4 on 22.12.2013, Sunday, 13:51:33 (Edited 22.12.2013, Sunday, 13:54:28) »
Quote
Ако има чести прекини на мрежата, по некоја логика и малиот акумулатор ќе се испразни толку многу што UPS-от ќе го нема „времето“ кое е потребно да го надополни и постоечкиот акумулатор со таков капацитет до наредното исклучување на „градската мрежа“.
Така , според мене може да стави било каков акумулатор од 12V со поголем капацитет (Аh) од постоечкиот!
.Многу убаво кажано тома стави акумулатор со поголем капацитет од постоечкиот во ампер часови кој е  12 волти нели али немој никако 45 амперчаса оти ако има често прекини у мрежата баш и како што кажа тома нема да може да го наполни така лесно 8) 8).Јас мислам воопшто нема да го наполни ако е празен под нивото. ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Trolko

  • Guest
Електрониката на УПС-от не верувам дека ќе се поремети, но после неколку празнења акумулаторот ќе отиде по петелот :-) Акумулаторите од автомобилите не се наменети за *долго* празнење, туку се дизајнирани така да дадам огромен *burst* на енергија но за многу кратко време (додека стартува автомобилот).

Ако можеш да најдеш некоја deep-cycle акумулаторска батерија, супер би било така да го решеш проблемот :-)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: UPS Smart Line 500 - поврзување на акумулатор
« Reply #6 on 22.12.2013, Sunday, 18:48:44 (Edited 22.12.2013, Sunday, 18:53:04) »
Ако има чести прекини на мрежата, по некоја логика и малиот акумулатор ќе се испразни толку многу што UPS-от ќе го нема „времето“ кое е потребно да го надополни и постоечкиот акумулатор со таков капацитет до наредното исклучување на „градската мрежа“.
Така , според мене може да стави било каков акумулатор од 12V со поголем капацитет (Аh) од постоечкиот!

Ако прекините во мрежата се да речеме еднаш дневно по неколку саати и ако УПС-от фабрички има мал SLA од 5Ah кој што стандардно го полни со 0.5А, има време да го наполни во остатокот од денот, ако ставиш поголем акумулатор од да речеме 45Ah тие 0.5А нема да го наполнат ни за неколку дена...

Електрониката на УПС-от не верувам дека ќе се поремети, но после неколку празнења акумулаторот ќе отиде по петелот :-) Акумулаторите од автомобилите не се наменети за *долго* празнење, туку се дизајнирани така да дадам огромен *burst* на енергија но за многу кратко време (додека стартува автомобилот).

Ако можеш да најдеш некоја deep-cycle акумулаторска батерија, супер би било така да го решеш проблемот :-)

Ако тера само пумпа за централно, нема да има некое оптеретување акумулаторот за да се исцеди до крај и да страда, така да мислам дека ќе тера подолго време, под услов да има време да се дополни после употребата. Не верувам дека ќе му се исплатаи да купува deep-cycle акумулатор... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Под претпоставка дека акумулатор со капацитет од 5Ah ќе овозможи работа на UPS-от (кога ќе снема „струја“) од 1 час , тогаш акумулаторот од 45Ah за еден час ке се испразни сосема малку или 1/10 од капацитетот, па според тоа истиот има резерва од уште 9/10 од капацитетот и полнењето и со 0.5A ќе биде доволно да ја надополни онаа „испразнета“ 1/10 од капацитетот.
Дали се сложувате со оваа ?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Тоа е точно (во идеален случај, со потполно нови акумулатори), и важи ако снемува мрежа секој ден по некој саат, но ако се случи подог испад и поголемо празнење УПС-от нема да може да стигне целосно да го наполни акумулаторот со тие 0,5А.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Според мене UPS-от што го користел членот mariovo со акумулатор од 5Ah ги задоволувале неговите потреби тогаш  акумулатор од 45Ah комплетно ќе ги задоволи неговите потреби. А оваа 
Quote
важи ако снемува мрежа секој ден по некој саат
тогаш акумулаторот од 5Ah ќе се испразни потполно и нема да може да работи UPS-от.
Друго е прашањето каков акумулатор да се користи. При такви апаратури нај логично е да се користат „стационарни акумулатори“
Code: [Select]
1 http://www.munja.hr/proizvodi/stacionarne-baterije/
2 http://www.sunato.hr/stac_baterije.htm
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: UPS Smart Line 500 - поврзување на акумулатор
« Reply #10 on 22.12.2013, Sunday, 20:00:31 (Edited 22.12.2013, Sunday, 20:08:37) »
Неколку пати сум преправал УПС-и и сум ставал поголеми оловни акумулатори.Може да се направи еднставна автоматика и да се користи посебен * дополнувач* за акумулаторот кој  ке се  исклучи веднаш  штом  снема напон во градската мрежаи автоматски се вклучува акумулаторот на УПС-от. До ден денес два-три уреди си работат без проблем.

Offline mariovo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Благодарам за помошта  на сите дискутанти и сакам да ве известам дека прекините на ел енерг. во Битола се многу ретки и краткотрајни. Имам некои основни познавања околу струјата но не големи и се плашев да не го изгорам УПС от.

Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 205
Се е добро кажано но едно сте заборавиле упеесот има автоматика значи кога ке се испразни акумулаторот на околу 9 или 10 волти зависно од упеесот тој сам се исклучува и никој пат не го испразнува акумулаторот до крај ....инаку сум поврзувал со 100 ампер-часа акумулатор и работело.

Offline mariovo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Одг: UPS Smart Line 500 - поврзување на акумулатор
« Reply #13 on 10.01.2014, Friday, 22:51:32 (Edited 11.01.2014, Saturday, 03:51:37) »
Акомулаторот е веќе поврзан со упеесот и се добро функционира.Го мерев напонот со кој се полни акомулаторот и тој е преку 13 волти. Има една друга работа што не ми е јасна. Кога упеесот добива струја од мрежата излезен напон е исто како на мрежа односно преку 239 волти но кога нема мрежен напон тогаш излезниот напон е околу 167 волти. тоа беше случај и кога во упсот имаше батерија и сега со акомулаторот Како е тоа можно. Пумпата од парното сепак работи и на тој напон но се слуша мало бучење. Дали при работа на тој напон од неполни 170 волти и во случај да треба да работи подолго време нема некоја опасност за циркулационата пумпа.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Знам дека е off-topic коментаров, ама навистина не ми е јасно како ви доаѓа да пишете странски термини во директна транскрипција на Македонски ???... па барем да го пишеше „непрекинлив извор за напојување“, а не „упеес“ ::). Јас да се присилам себеси, нема да можам да го пишам така...
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."