Денес немав обврски, а тоа значеше дека конечно ќе ја довршам антената. Имаше доста работа околу неа, најтешкиот дел беше да се среди SWR на 1:1. Требаше да се кратат сите елементи на антената за са се подеси на 145 магахерци. Исто така требаше да се поврзи конекторот на активниот дел, односно радиаторот.
Прво ја растурив антената и ги скратив елементите. Елементите беа мерени кај мојот пријател Z31RM со дигитален SWR анализер.
Активниот елемент го поставив на дребонг за да се отвори 2 мм дупка
За активниот елемент искористив парче RG-213 од кој што само средниот дел ми беше потребен.
Околу 2 см кнап го пикнав во дупката
Бидејќи алиминиумот не се леми искористив еден трик, а тоа е го поставив на стезната глава од дребонгот и со цевка колку што можам јако срегнав
Алуминиумот е мек и лесно се деформира, така што овој метод е доста успешен.
се става парче изолатор и со запалка се стопува и стеснива. Потоа гоаѓа делот со лемење на конекторот.
Вака антената сега е спремна за првиот контакт.
Бидејќи многу пати престојувам во Велес, оваа антена ја направив токму за таму. При тестирањето користев аксијален кабел RG-58. Оваа антена ќе користи RG-213 на местото каде што ќе се постави во Велес, со RG-213 загубите се минимални во однос на RG-58.
Првиот радиоконтакт од Битола преку R7 го остварив со Z34MNS од Скопје. Спремив и едно видео. Извинете што е малку лош квалитетот на видеото, не ме бива баш многу
Едноставна GP Антена за 144 MhzДоколку имате некакви прашања околу антената слободно прашајте.