Изотоп, според кој критериум Visaton W200S е за отворена кутија? Qts e 0.33 (при мерење на ТС ке приметиш дека е за нијанса повисоко негде 0.4, но треба да се расвири) Fs=30Hz
Ако те интересираат мерења, повели, ке го измериме тоа што си го изработил.
"џабе мерења графикони и наука , крајната цел е да го најдам звукот што мене ми се допаѓа"
Графиконите, науката - помагаат полесно да стигнеш до добриот резултат, инаку ке талкаш со години додека го погодиш истото. Мерењата многу често откриваат проблеми во спектарот и може лесно да се посочат, за разлика од обично слушање. Кога слушаш знаеш дека нешто не е во ред, но речиси е невозможно да го посочиш проблемот ако е субтилен.
Споено мислење: 21.12.2013, Saturday, 19:13:30
Визатон имаат звучници од секоја категорија. Најчкарт до најдобри, препорачувам убаво да го разгледате сајтот на Визатон. Светски познати им се B200 (многу често користен за фулрејнџ), AL130, Ti100, DSM50FFL(еден од најдобрите среднотонци), М300, KE25SC. Овие се најдобрите нивни модели и лесно можат да се компарираат со други многу скапи звучници.
"20тина пара кутии со Висатон звучници." Аман бе, па каде отидоа сите тие звучници откако си ги направил?