Да ја разбудам темава за звучници малку со еден фин проект
Толку беше одамна што незнам од каде да почнам
.
Почна пред околу 3-4 години кога ги купив драјверите од Visaton и одлучив да ја правам нивната кутија starlet но уште од почеток не ми се допаѓаше високотонецот кој е употребен во оваа тростстемска кутија па не го купив .И така си стоеја звучниците купени на плакар една година и кусур нови непробани кога најдов добри високотонци за релативно добра цена 50 e комад Vifa XT25TG30-04 ги имате проспектите во прилог . И повторно поминаа уште година и кусур се до лани есен кога почнав да ги правам кутиите ( незнам дали и вас ве фаќа работна треска да завршите се што е за надвор пред да фати зима или е само до мене
) нормално не ги затворив и стоеја до пред месец дена кога ги досклопив и фотките што ги гледате се од пред 3-4 недели .
Инаку кутијата е ТЛ иако оригиналната кутија Starlet е бас рефлекс .
Лично ја пресметав според ТС параметрите кои кај Висатон сепак треба да се во ред . Има посебна комора за среднотонецот како и за високотонецот и посебна за скретницата така да кутијава е многу тешка едно 30-40 кила .
Пазев да нема многу паралелни страни во самиот тунел што треба да е добра работа звучно .
Следно е да најдам квалитетни кабли од чист бакар (може да препорачате ако знаете од каде да купам имаше во BT но останал само 2x4мм што е претерано и со цена и непотребно во ситуацијава оклу 350 денари м2 , ќе заврши работа и 2.5мм , имам еден оелбах кабел 2,5мм 6 метри но не ми се сече , за кутијава ќе отидат околу 4,5 метри .
После каблите следува вградување правење скретница и нормално преслушување преку зима (модификации на скретница се до пролет или есен
, кога ќе треба да добијат естетски завршен момент , фарбање , можеби и некоја предна плоча од масив , нормално ако заслужат звучно .
Ќе гледам деновиве да дозакачам уште технички спецификации за басот W200s и среднотонецот W100 S . ако ве интересира .