SliderMK премногу самобендисано се обраќаш ,кога не сме на *ти*.И ако добро прочиташ во мојот последен пост никаде не споменувам * спуштање на фрекфенцијата*.Ти спомна и *многу мек звук со малку погласен бас *,тука нема * мек призвук*,па јас го разбрав како *погласен мек бас * .Сите овие проблеми што се јавуваат поради пренагласеноста на басот можат да се ублажат со преправка на свртницата (или експериментирање со ова постоечка),делумно со дампирање или со нова кутија (ама да не биде ТЛ).Тоа што *башка и waterfall си покажува дека нема ни една грешка*,а звукот сепак боде уши е друг немерлив проблем,кој Изотоп сам мора да си го реши.На него и останува субјективноста ( јас воопшто и не сум ги слушнал кутиите) да продолжи да експериментира или да си биде задоволен со звукот и да си ги слуша без да менува ништо. Крај на приказната.