Доколку звукот ти е малку остар на вокалите, пробај да го намалиш уште малце високотонецот.
Добар начин (по слух) да провериш дали ти се точно во фаза среднотонецот и басот, или среднотонецот и басот е принципот на погласно потивко.
Како се извеедува?
Најпрвин зимате сигнал генератор и генерирате точната фреквенција на пресек меѓу одредените драјвери. На пример 500хз. При тоа го уклучувате само басот, и внимателно слушате, а потоа додека трае сигналот го уклучувате и среднотонецот. При тоа треба да се забележи појаќување на таа фреквенција. Доколку не се случи тоа, пробајте го во обратен поларитет среднотонецот.
Истото се изведува и на среднотонецот со високотонецот, но внимавајте, додека слушате мора да ви биде увото во висина измеѓу 2та тестирани звучници!
Споено мислење: 01.02.2014, Saturday, 16:28:41
На ист начин можете да ја проверите и гласноста на 2та звучника, дали се еднакво гласни, но секако да внимавате да сте на иста одалеченост од драјверите (точна средина меѓу нив). Препорачувам едното уво да е затнато за да не лови рефлексии од собата.