Author Topic: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери  (Read 16201 times)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #30 on 26.01.2014, Sunday, 15:13:04 (Edited 26.01.2014, Sunday, 15:15:12) »
^Го нема RC членот го отстранив остана само RLC 150 мф/0,68 мх/6,8 ома.
Л-падот не  е истиот се покажа дека треба поголема атенуација  сериски е 1.7 ома  а паралелно е 4.7 ома  скоро изедначено е со w100s . Ако го извадам  4,7 што предлагаш да направам затоа што  високотонецот излегува од колосек  предотпорник со голема вредност е полоша варијанта .
Сега звучната слика е одлична, само морам да  ја намалам  запремнината на комората на среднотонецот затоа што   има премногу голем волумен работи  и тоа што не треба.

Некој предлог за едноставно намалување на волуменот без столарски зафати Сунгер? Исецкан Цели плочи или нешто друго .

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
@batka: ај те молам испули се кај мене ,,Туториал за ТЛ-ки" и види ги математиките шо ги правев и дај едно мислење,онака,за скретницата
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Постирав најмногу  затоа што ми треба помош имам калеми со непозната вредност ми треба услуга за мерење за да не правам мерач на индуктивитет, ако има некој добра воља нека прати ПП.

Знаеш кај сум, кога сакаш јави се и донеси ги калемите, ќе ги измериме со фабрички инструмент... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
^ Договорено ќе те барам неделава

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
@batka: ај те молам испули се кај мене ,,Туториал за ТЛ-ки" и види ги математиките шо ги правев и дај едно мислење,онака,за скретницата

Математиките? Абе,ете доволно си употребил *калкулатор*.Само ,како и кај сите компјутерски програми и  овој калкулатор има фалинки.Занемарена е основната карактеристика - осетливост и не е земена во предвид најниската фреквенција на која високотонецот има стабилност.Тоа не се карактеристики кои се мерат со калкулатори.Еве и оние 2500 Хз за резна фреквенција.Мислам дека е вака гледано превисока,мислам треба да ја спуштиш.Е сега дали 2200,2250..... не би можел без да ги слушнам драјверите да кажам. Мислам дека високотонецот тука не е искористен.Ако пак одиш погоре можеби ке дречат средните.Тешко е да се каже,но сепак стави некоја атенуација на високотонецот и малку експериментирај со кондензаторот (ите).

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Басот ти е погласен заради ефективноста на звучникот W200S стрема W100S. Но не ми личи да намалуваш со атенуација басот туку само со еквилајзер. Глупаво е да се атенуира бас звучникот, цела енергија ке оди на отпорникот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Многупати ,па мислам и во оваа тема пишав дека од ќутуре се набавуваат драјвери,а очигледно  сега и ефикасноста стана проблем.Атенуација на бас- првпат слушам за таков поим!?  Е.сега се поставува пак прашањето дали е одбрана вистинската резна фреквенција? Намали ја резната ,ама пази колку дб добиваш/губиш кај високотонецот.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Значи почнувам да мислам дека и не знаете да читате графици. Еве слика-1000 зборови.
Звучниците се мерат на 1W излез од појачалото при што се мери звучниот притисок во децибели и така се исцртува и графикот. Тоа значи дека при иста снага секој звучник-модел дава различен звучен потисок или гласност. Еве како изгледаат графиците на W200S i W100S при 1W мерени во анехоичен простор.
Резната фреквенција меѓу басот и среднотонецот предпоставувам ти е 280Hz според шемата која си ја поставил. Јасно се гледа дека басот ке биде цели 6 децибели погласен од среднотонецот. Тоа и го нацртав за лесно да го видите со црвени линии за рез фреквенцијата и потенцирав со цртички каде да гледате разликата.
Црната линија во продолжение е како би изгледала фреквенциско-амплитудната карактеристика во трансмисионата линија (од прилика).
Затоа на изотоп ке му изгледа дека има премногу бас (+6dB).
Решение?-активни свртници или еквилајзер.

Податоците превземени од:
Code: [Select]
http://www.visaton.com/en/chassis_zubehoer/tiefton/w200s_8.html

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #38 on 26.01.2014, Sunday, 22:24:29 (Edited 26.01.2014, Sunday, 22:26:16) »
Не знам во кој дел сум спомнал атенуација на басот  , тоа е ноторна глупост  отпорник на басот не се става (цитирајте ме  ако сум спомнал такво нешто ) спомнав само дека се пренагласени басовите од  издувот затоа што уште во составувањето на кутијата го пополнив само средниот  дел сега ќе морам да ставам и зад басот тука е најпрецизното штелувањето зад басот  , разликата меѓу басот  и среднотонецот е  2 дб а свртницата е превземена од висатон  6 дб по октава калем 3.3мх на басот и кондензатор 33 мф на среднотонецот , додадов само рц коло 40мф и 4,7 оми паралелно на басот .
Досега кутијава звучи многу добро со тоа што променив доста компоненти , ќе ја постирам последната свртница .

Споено мислење: 26.01.2014, Sunday, 22:26:16
Резната фреквенција е 500 хз не 280

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Очигледно не функционира нешто во пресметките на СлидерМК .6 дб да биде басот појак?? Нешто си грешка мислам,провери се.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Тогаш имаш 4дБ разлика меѓу среднотонецот и басот, затоа и ке ти изгледа дека имаш повеке бас.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа се решава со свртницата и со дампирањето! Спушти ја малку резната бас/средни ,исто и средни/ високи.Намали ја атенуацијата на високите и менувај кондензатори и калеми во средната гранка.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #42 on 26.01.2014, Sunday, 22:41:11 (Edited 26.01.2014, Sunday, 22:44:39) »
6 дб може да има заради неправилно дампиран тунел , кај мене е осетно само на одредена фреквенција , немам мерна опрема за да видам каде, утре ќе ги дампирам правилно и ќе се среди . Всушност скретницата меѓу басот и средниот е истата од висатон така да незнам од каде се разви дискусијава .
Басот е  сув и прецизен и оди доста длабоко во оние музички материјали каде што навистимна го има . само му фали малку  материјал за дампирање.

Споено мислење: 26.01.2014, Sunday, 22:44:39
Резна фреквенција не би спуштал пробав и на 250 хз отприлика, подобро звучи на 500 хз  среднотонецот е сепак малечок

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па СлидерМк спомна атенуација и отпорник,ама нема врска.Проблемне ти е басот ,ами среднотонецот не е во сразмер веројатно,и него треба да го нивелираш бидејќи лесно *ке летне* при додавање јачина, а вонормални услови*ќе го нема* Тоа не е страшно сооглед дека модернава музика така и се снима ;D.
Во моментов не знам каква е ефикасноста на високотонецот и која е разликата вооднос на басот,ама јас би ставил за проба *L-pad * и би пробал директно да го подесам на уво.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Резната фреквенција ти е одлична, тука нема ништо да се пипка. Visaton ставиле мала комора на среднотонецот токму со една цел: да добие СПЛ среднотонецот на одредената резна фреквенција, само така може да се погодат.

Моделирај ја кутијата за среднотонецот така што на 400Хз ке имаш точно +4дб од самата кутија. Ова можеш да го направиш со WinISD и параметрите на W100S, ако ме разбираш што кажувам.