Author Topic: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери  (Read 16188 times)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Opened on 19.12.2013, Thursday, 22:25:25 (Edited 10.09.2019, Tuesday, 13:37:56) »
Да ја разбудам темава за звучници малку со еден  фин проект  :)
Толку беше одамна што незнам од каде да почнам  :).
Почна пред околу 3-4 години кога ги купив драјверите од Visaton и одлучив да ја правам нивната кутија starlet но уште од почеток не ми се допаѓаше  високотонецот кој е употребен во оваа тростстемска кутија па не го купив .И така си стоеја звучниците купени на плакар една година и кусур нови непробани кога најдов добри високотонци за  релативно добра цена 50 e комад Vifa XT25TG30-04  ги имате проспектите во прилог . И повторно поминаа уште година и кусур се до лани  есен кога почнав да ги правам кутиите  ( незнам дали и вас ве фаќа работна треска да завршите  се што  е за надвор пред да фати зима или е само до мене  ;D) нормално не ги затворив и стоеја  до пред  месец дена кога ги досклопив и фотките што ги гледате се од пред 3-4 недели .
Инаку кутијата е ТЛ иако оригиналната кутија Starlet  е бас рефлекс .
Лично  ја пресметав според ТС параметрите кои  кај Висатон сепак треба да се во ред . Има посебна комора за среднотонецот како и за високотонецот  и посебна за скретницата  така да кутијава е многу тешка  едно 30-40 кила .
Пазев да нема многу паралелни страни во самиот тунел што треба да е добра работа звучно .
Следно е  да најдам квалитетни кабли од чист бакар (може да препорачате ако знаете од каде да купам имаше во BT но останал само 2x4мм што е претерано и со цена и непотребно  во ситуацијава оклу 350 денари м2  , ќе заврши работа и 2.5мм  , имам еден  оелбах  кабел 2,5мм  6 метри но не ми се  сече , за кутијава ќе отидат околу 4,5 метри .
После каблите следува вградување  правење скретница и нормално преслушување преку зима (модификации на скретница  се до пролет или есен  ;D , кога ќе треба да добијат  естетски  завршен момент , фарбање  , можеби и некоја предна плоча од масив , нормално ако заслужат звучно .
Ќе гледам деновиве да дозакачам уште   технички спецификации за  басот W200s  и среднотонецот  W100 S . ако ве  интересира .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Инаку кутијата е ТЛ иако оригиналната кутија Starlet  е бас рефлекс .- со ова се е кажано,мислам  8)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Гарантирам дека ќе звучи подобро од бас рефлексот  ;), подобро ќе ја наштимам во различен простор  а и бас рефлекс е се многу досадни едноставни  конструкции . Освен тоа пресметката вика дека басот е за отворен тип на кутија во мкоја спаѓа и ТЛ , ако сакав фабричка кутија која ми ја наштелувал некој инжињер   за 350 евра ќе купев некоја таква .

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #3 on 19.12.2013, Thursday, 22:55:08 (Edited 10.09.2019, Tuesday, 13:37:42) »
     Си одбрал прекрасни драјвери! Јас лично сум презадоволен од визатон W130S кој е вграден во мојот модел SMC5 активни монитори.
     Многу подобро ке било да ги ставиш средниот и високотонецот понастрана, никако не треба да бидат на средина од предната маска, заради еднаквото растојание на кои ке се случат дифракциите од двата раба.
    Според истражувањата на Аугспургер, овој звучник бара трансмисиона линија долга 1,47 метри, за да се добие Qts = 0.7 и F3=63Hz. Колку е долга твојата линија? Како звучи?
   
Code: [Select]
http://www.visaton.com/en/ Тука можете да ги најдете сите спецификации за визатоните, и не лажат графиците, лично сум ги мерел W200 и W130s и исто покажуваат како на нивите графици.





Споено мислење: [time]19 Декември 2013, 22:58:47[/time]
Трансмисионите имаат прекрасни ниско средни и средни фреквенции. Ултра прецизни импулс одговори и амплитудо-фреквенциски одзив. Но генерално, немаат многу длабок бас, поготово со драјвери кои имаат премногу низок Qts.
Максимумот со овој звучник можеш да го добиеш е 63Hz (-3dB) во трансмисиона линија. Бас рефлекс би одела пониско.
Сепак не се работи за длабочината на басот туку како тој звучи. Чисто, без колорација на ниските ниско-средните.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Да, знаев дека некој поупатен и очигледно добро поткован како тебе  ;)( во позитивна смисла ) ќе праша за  поставување надвор од оската .
Затоа и напоменав дека  на пролет ќе добијат преден панел  најверојатно од масив дрво и со  заоблени рабови  што сигурно ќе ја подобри звучната слика ,   инаку цртав доста пред да исечам и  се мислев да ди дислоциорам  2-3 см од оската на басот но вака ми изгледаат  по ретро . Се мислев за 130 -ката за среднотонец  (ионака ова е моја кутија и нема врска со оригиналната  замисла ) и можеби направив грешка затоа што ги најдов Вифа драјверите одпосле , 130 -ката  оди подолу со целата фреквентна скала нормално  и затоа ќе можеше да се сече подолу со басот , што е многу добра работа  исто и  вифата има многу ниска точка  RF  така да ќе можеше без проблм да се вклопи со нејзе , можеби ќе добиев и некој  децибел поосетлива кутија , но тоа е тоа ,  веќе беа купени .
Инаку  знам дека  тоа е така  за ТЛ и   јас сум голем љубител на ТЛ кутии  се што сум направил од нив работи  беспрекорно и  понекогаш самат кутија е  класа над драјверите , многу ми се допаѓа што можеш прецизно да ги  наштелуваш  према просторијата ,  сум приметил  голема разлика во звукот  само  од една додадена или одземена рака од лиото , така да нудат многу  иако се тешки за изработка .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еднаш кога постирав една кутија на Форумов со Висатон драјвери,ми рекоа дека е тоа  средна до никаква германска класа на економик звучници. Не се бунев премногу,бидејки сепак се работи за поевтина класа на звучници.Но,сепак ке кажам дека се добри за домашна употреба иако јас лично би преферирал двосистемска кутија со Вифи-те ,40 литарска бас рефлекс кутија.Тоа што си пресметал не мора да значи ништо кога се работи за ТЛ.Друго што ми боде очи е  што си употребил оплеменета иверка .На оплеменетиот дел не фаќа добро дрвофикс,не знам како тоа си го решил,но гледам дека многу штрафови си употребил.Друго,ТЛ јас не би го дампирал од почеток тотално,ами пробај прво како ке свири без дампинг материјал,па постепено ставај материјал и мери.
А,тоа што гарантираш дека ке звучи подобро од бас рефлекс,не гарантирај.Ако имаш материјал направи еден ваков модел и пробај да ја мериш разликата ,односно да го слушнеш звукот при исти услови и режим на работа.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #6 on 19.12.2013, Thursday, 23:32:45 (Edited 19.12.2013, Thursday, 23:39:50) »
Најдобра кутија за Visaton W200S е бас рефлекс кутија 45Л со тјунинг на 38Хз. Тогаш свири до 35Хз(-3dB)

Споено мислење: 19.12.2013, Thursday, 23:39:50
Да, можда поубаво би било да беше W130 пред се заради неговата ефективност, но како среднотонец подобар е W100S заради тоа што нема издигнатина од 700до 1400Хз. Во звучниците се е компромис.

Инаку лепакот држи само лабаво на оплеменитата иверка (може да ти зуи на некои места при басови) Можело да го симнеш-истругаш само оплеменетиот дел до дрво само на местото каде се спојува со другата табла - надворешните страни само.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Те излажале батка (или не знаеле што зборуваат ) драјвериве  секако не се  врв од звучници  за самоградба но сигурно нудат многу за парите, Искуството ми дозволува да гарантирам дека ќе звучи подобро , тл кутија е многу флексибилна во штелување  додека бас рефлексот ако ја утнеш од прва  поправање тешко .  И јас би избрал двосистемец  како тебе  но со голем бас тешко  да најдеш достоен високотонец  кој ќе го покрие ,односно фаќа  доволно ниско се разбира за оваа цена која одлучив да ја потрошам , штрафови  отидоја крвнички како што гледаш а и лепакот е доста квалитетен  така да тој дел е завршен добро, за  дампинг материјалот по правило треба да е најгусто распределен  зад басот па потоа постепено поредок до крајот на тунелот  но можеби ќе звучи подобро и порастеретен како што сугерираш  , но не бев во можност да ги штрафам  па да ги отштрафувам така да добија лио од око само  во тешко пристапниот дел , ако се покаже дека е многу ќе го извадам некако но ако фали , тешко квалитетно ставање нели . Лично и не преферирам премногу длабок бас туку сакам егзактност , точност на репродукцијата така да  не верувам дека сум направил грешка , штелувањето најдобро се врши во густината на материјалот  непосредно зад басот .
А за кутијата  што си ја предложил нити имам време да правам други кутии  нити ме интересира споредба , можам да  ја споредувам кога ќе ја наштелувам  скретницата добро и  кога ќе ја завршам комплетно .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ме излажале!? 8) Абе тоа беше мислење на некои поединци.И јас мислам дека за парите се добри. Дампирањето е еден од проблемите кога правиш ТЛ и слушај ме што ти викам .Јас сум отворал често пати и по неколку пати кутија додека не го средам дампинг материјалот.Ако мислиш дека по некоја шема тоа оди ,да знаеш дека не оди и има голема разлика што и колку ке ставиш.Точно е дека најгусто треба да биде околу басот,ама пробај да ја менуваш густината и  ке видиш разлика во звукот.За свртницата: тросистемската е тешко од прва да ја погодош,ама совет оди прво само со бас и среден и гледај да не трефнеш некој рез кој ке ја покрене дрвенаријата.Откога ке ги средиш басот и средните,за високите е полесно.И пак она што секогаш го велам: оди по твој слух и немој линеарности и *анасана нами* да ми кажуваш ,ами слушај и прави ја според твој осет и ќеиф. ;D

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #9 on 20.12.2013, Friday, 00:16:14 (Edited 20.12.2013, Friday, 00:18:35) »
Сега забележав дека не ти се фрезирани високотонците и средните.
Еве и зашто тоа треба да се направи
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11126.0Појавата е најосетлива при директна усмереност на звучникот кон слушателот.

Споено мислење: 20.12.2013, Friday, 00:18:35
прочитај го последниот пост

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
slidermc
ќе ги исфрезирам само прво ќе ги ислушам добро до пролет ,и ќе им ја штелувам скретницата и дампинг материјалот во кутијата  , таков е планот .
Инаку сега видов дека прашуваш должината на тунелот  е околу 1,60/ 1,70  м не ми текнува точно беше пред неколку години пресметувана треба да видам на скиците.
Батка не ми е прва ТЛ кутија знам точно што треба да се направи .
Ќе биде според кејфот правена , знам дека тросистемец е потежок за правење на свртница но  ќе биде и тоа , никаде не се брзам.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Првин фрезирај го, тоа менува звук, тогаш ке можеш да ја местиш свртницата. Мислам дека нема да е многу голем проблем местењето на свртницата, само придржи се до Линквиц-Рилеј топологијата 12db/oct. Притоа внимавај на фазата, среднотонецот најверојатно ке треба да биде обратно поврзан.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Веројатно ќе оди така со  фрезирањето , за свртницата ќе пробам прво со 6 дб меѓу високотонец и среден, басот и среднотонецот нема да бидат проблем .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Веројатно ќе оди така со  фрезирањето , за свртницата ќе пробам прво со 6 дб меѓу високотонец и среден, басот и среднотонецот нема да бидат проблем .

Напротив,проблем ке биде бас /среднотонец,особено со 6 дб/октава  како што планираш.Освен ако не сакаш исто (слично )да свират.Тоа е проблем на басовите кои одат погоре и средните кои одат пониско.Пробај повеќе резови и размести ги малку поинаки звучниците: гледам дека ти си го решил тоа и ме интересира како го реши поставувањето на звучните едници (бас и средни)- со пресмети само или..??

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Ништо нема да биде проблем , прашање на експеримент е се , во крајна линија и предната плоча може да се преработи , за фреквенцијата меѓу басот и среднотонецот  самиот висатон дал пресметка која е добра почетна точка  тоа е со 12 дб октава  не си ме разбрал 6дб меѓу среден и висок затоа што вифата фино фаќа надолу  а и среднотонецот има рамна се до 5000hz така да помалку елементи помалку гушење на звучниците , односот на деловите од свртницата меѓу високи и средни  пошто е друг употребен високотонец ќе ја изменат свртницата но и тоа се решава во крајна линија ќе направам  оптимизирање со мерење  но знам дека нема да бидам задоволен додека  добро не си поиграм со свртницата . Ова последново прашање веројатно ти се однесува на  растојанието меѓу оските на басот и среднотонецот ,немаше некои сериозни пресметки во тој дел нешто мора и од око да се реши не сум од тие кои се пресметуваат или сакаат математика