На некој начин сум „повикан“ па да се доискажам.
Бојата не го „зашеренува, обојува„ форумот, напротив се добива прегледност кој во која „група“ припаѓа, а членот кој го дал своето мислење, без разлика на постови-пораки, е квалитетен. Со оваа ќе се избегне да имаме експерти по вицови (пример со доста голем број на постови), спамови, во секоја тема пишувам за да пишам, општи дискусии, купувам-продавам понудувам тоа и тоа...
Прашањето е, што допринесуваат овие постови за напредување на форумот!
Кога некој неискусен и недоволно едуциран член ќе прочита пост од член со 1873 постови и од член со 256 постови, се поставува прашањето кому ќе му верува.
Според мене одбраната група од страна на администрацита без разлика колку постови има, членовите би требало да добијат сознание дека член од таа група е сепак малку повеќе едуциран и има и практично познавање кое го добил со долгогодишна работа и тие пораки и коментари се издржани и точни !
А од анкетата досега може и да се види колкава е посетеноста на форумот од различни челенови а и интересот на членовите за промени и активно учество со присутност на форумот со што би се унапредувал истиот.
Секако на крајот, на администрацијата е да направи како што мисли дека е за добото на форумот.