Author Topic: Проблем со ТВ Gorenje, Fine Line (шасија K11)  (Read 6637 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: jovce.
кондензаторите горе нигде нема 470uF.
Извадив 1х220uF 16V, 1x47uF 35V, 1x1000uF 40V, 1x47uF 40V и 1x100uF 16V, тримерот од 1К.
Според шема C697 е 470uF а може да е и 1000uF 40V(каков имале таков ставиле а работниот напон на истиот може да е и 25V). Истиот тој кондензатор е на линијата од 17V.
Останатото како си извадил така стави нови !
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ Gorenje, Fine Line (шасија K11)
« Reply #16 on 18.12.2013, Wednesday, 21:20:53 (Edited 08.09.2019, Sunday, 21:35:01) »
@Toma
Отидов да купам дури до Охрид ама не ми ставиле баш такви како што им напишав на листот.
Поточно:
1000uF 40V, ставија со 50V, инаку бидејќи пиша можи и 470uF, купив и таков ама тој е 63V.
47uF 40V, ставија со 63V
47uF 35V, ставија ист но е помал, тоа нема гаље ваљда.
220uF 16V, ставија со 25V.
100uF 16V, ставија од 25V, мислам дека имам од 16 во кутија дома ама не сум сигурен.

Дали има некој зијан бидејќи се со поголем напон, јас мислам дека нема ама сепак да прашам.

А заборавив бидејќи немаше голем легнат потенциометар ми дадоа инакви, ете слика, па дали ќе можи таков да поставам или стриктрно мора како овој, едниот е 1.5К, другиот 1К, кој да го ставам.

П.С: Повторно ќе речам, пишман сум што се запишав смер информатика, да отидев телекомуникации немаше да прашував глупости во врска со напонот.Не учевне многу во врска со ова, се е од читање ама колку толку ќе се снајдам некако :)
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам

Не си се зезнал, пројде времето на сервисерите, иднината е во кодирање ;).

Добро, можеби не е иднината само во тоа, мора тој код да работи на некој хардвер, ама дефинитивно подобро платени се од оние кои го дизајнираат или одржуваат хардверот ;D.

Да се навратам на проблемот ;).

Отидов да купам дури до Охрид ама не ми ставиле баш такви како што им напишав на листот.
Поточно:
1000uF 40V, ставија со 50V, инаку бидејќи пиша можи и 470uF, купив и таков ама тој е 63V.
47uF 40V, ставија со 63V
47uF 35V, ставија ист но е помал, тоа нема гаље ваљда.
220uF 16V, ставија со 25V.
100uF 16V, ставија од 25V, мислам дека имам од 16 во кутија дома ама не сум сигурен.

Дали има некој зијан бидејќи се со поголем напон, јас мислам дека нема ама сепак да прашам.

Нема некој зијан ако се со поголем напон, проблем е ако се со помал ;). Баш напротив, им правиш услуга на кондензаторите, нема да греат и да работат до нивниот максимален лимит, ќе си работат по растеретено ;).

Стави го тој 1000uF/50V, нема да има проблем ;). Тој од 470uF/63V чувај си го ;).

А заборавив бидејќи немаше голем легнат потенциометар ми дадоа инакви, ете слика, па дали ќе можи таков да поставам или стриктрно мора како овој, едниот е 1.5К, другиот 1К, кој да го ставам.

Искористи го тој пластичниот (малиот) од 1K. По потреба, продолжи му ги ногичките со краткоспојниците кои ќе ти останат од поставувањето на кондензаторите ;).

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: jovce.
...1000uF 40V, ставија со 50V = БЕЗ ПРОБЛЕМ
47uF 40V, ставија со 63V = БЕЗ ПРОБЛЕМ
47uF 35V, ставија ист но е помал, тоа нема гаље ваљда. = БЕЗ ПРОБЛЕМ
220uF 16V, ставија со 25V = БЕЗ ПРОБЛЕМ
100uF 16V, ставија од 25V = БЕЗ ПРОБЛЕМ

Дали има некој зијан бидејќи се со поголем напон,....НЕМА....

.... едниот е 1.5К, другиот 1К, кој да го ставам. КОЈ ТИ ОДГОВАРА СТАВИ ГО ТОЈ ВЕРОЈАТНО ПОВЕЌЕ ЌЕ ОДГОВАРА 1.5К, МЕЃУТОА ВНИМАВАЈ, СО ОВОЈ ТРИМЕР СЕ РЕГУЛИРА В+ И ТОА ВО ГРАНИЦИТЕ ОД 145V до 150V
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со ТВ Gorenje, Fine Line (шасија K11)
« Reply #19 on 18.12.2013, Wednesday, 21:43:17 (Edited 19.12.2013, Thursday, 00:48:43) »
.... едниот е 1.5К, другиот 1К, кој да го ставам. КОЈ ТИ ОДГОВАРА СТАВИ ГО ТОЈ ВЕРОЈАТНО ПОВЕЌЕ ЌЕ ОДГОВАРА 1.5К, МЕЃУТОА ВНИМАВАЈ, СО ОВОЈ ТРИМЕР СЕ РЕГУЛИРА В+ И ТОА ВО ГРАНИЦИТЕ ОД 145V до 150V

Најверојатно Toma е повеќе во право за потенциометарот од мене. Не прочитав што точно се регулира со него. Ако се регулира B+, да, можно е подобра опција да биде тој од 1.5K ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Штотуку го прелемив IC51, лемен бил и предтоа и мрдаше, па го средив.
Сега трасформаторот и големиот електролит, тука е стравот, да не ми направит пау хаха, инаќе смешно е но јас лемам со гумена нараквица за секој случај..

Во врска со потенциометарот како да биде свртен најлево или најдесно ?
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Во врска со потенциометарот на средина околу 700Ω.

...Потенциометарот е врзан како реостат а не како разделник.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Што е тоа реостант или разделник т.е. дали треба нешто да направам(залемам) на него пред да залемам на плочата?

При кај сум, кондензаторите се залемни, останата отпорникот и прелемувањето на електролитот и трансформаторот.
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Само залеми го како што напишав погоре. Нема ништо што треба да преработуваш.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: Проблем со ТВ Gorenje, Fine Line (шасија K11)
« Reply #24 on 19.12.2013, Thursday, 01:35:29 (Edited 08.09.2019, Sunday, 21:36:53) »
Залемено и прелемено све спрема договорот xD, сега ќе го пробам дали работи, ако слушните на ТВ пожар знајте од мене бил :)

Ајде господ да е напомош + :D

Едит.
Ради ал не се чуе.. Го пуштив тв, ама ни глас ни слика, екранот црн, еве и видео аплодирам моментално..
Да не е нешто до потенциометарот пошто све наместив исто како што треба по 10 пати сликано ги имав местата и све мислам не промашив ништо, неколку пати прегледав.

MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
1. Дали на мрежниот елетролит (големиот (син) од 220/350) има 300V DC
2. Дали на С639 имаш 150V.
3. Дали на колекторот од BU208A имаш 150V.
4. Дали на R1002 на двете страни имаш 17V.
5. Дали внимаваше да не си погрешил на поларитетот од електролитите што ги замени.
6. Провери дали има добар спој меѓу база и емитер од BU208A со „штампата“ од пертинаксот.
7. Потенциометарот треба да е отприлика во средна положба или отпорите од средниот извод во однос на другите два треба да се исти.
 
Измери нешто и напиши, не постирај слики, така нема да се постигне релевантен резултат.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Одг: Проблем со ТВ Gorenje, Fine Line (шасија K11)
« Reply #26 on 19.12.2013, Thursday, 15:07:44 (Edited 19.12.2013, Thursday, 15:14:11) »
Висок напон ти подига телевизорот значи имаш проблем со жиците од видео сигналот сивите од левата плоча на телевизорот си ги искинал горе на ргб плочката

Споено мислење: 19.12.2013, Thursday, 15:14:11
10000000%   ;)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: filipmkd
Висок напон ти подига телевизорот значи имаш проблем со жиците од видео сигналот сивите од левата плоча на телевизорот си ги искинал горе на ргб плочката

10000000%   ;)

Quote from: jovce.
..Едит.
Ради ал не се чуе.. Го пуштив тв, ама ни глас ни слика, екранот црн...

filipmkd. Зошто нема глас (тон) ?
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Можеби нема ставено кабелска или одберено програма па затоа нема глас или му е на AV

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Под услов да е на AV тогаш има „затемнет“ екран а не црн со доза на темно сива нијанса.