Author Topic: Предлог за пораките  (Read 7491 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Предлог за пораките
« Reply #15 on 17.12.2013, Tuesday, 00:01:25 »
Мене ми се чини дека добро решение би било следното!
Администрацијата да се договорат да одберат одреден број на членови за кои сметат дека се продуктивни, корисни и достојни за почит и доверба и да ги сместат во група на членови со одредена „титула„ (а и не мора да има титула само да бидат обележани со друга боја).
Зошто би било потребно тоа ! Секако дека на овој начин администрацијата би си го задржала неприкосновеното право за управување и опстанување на форумот, а со тоа би се вовело ред во репутацијата и квалитетот на таа група членови во однос на оние кои „пишуваат за да пишат“!

Ова е убав предлог.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Предлог за пораките
« Reply #16 on 17.12.2013, Tuesday, 00:48:45 »
Да, ова е добар предлог.
Жан

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Предлог за пораките
« Reply #17 on 17.12.2013, Tuesday, 09:58:02 »
Ова е убав предлог.
Да, ова е добар предлог.
Баш заради вакви пораки го спомнав ова.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Предлог за пораките
« Reply #18 on 17.12.2013, Tuesday, 17:08:15 »
Порано имаше се согласувам, и не се согласувам, но ја тргнавме таа опција бидејки дел од членовите правеа глупости и на нас ни ствараа главоболки. Ние админите 90% од времето на форумот читавме пораки како: кој ми дал негативна репутација и зошто; Кој ми пука цело време негативни поени без причина и на секој пост, и се така.... имаше и неколку члена кои си даваа позитивни поени еден на друг на секој пост, секако во договор помеѓу нив. Изгледа на членовите не им беше интересна електрониката туку некои други банални работи, така да тогаш решивме да ја деактивираме таа опција и повеке да не ја пуштаме. А тоа кои се членови со добра репутација, сите знаеме кои се тие, нема потреба од фалење преку давање на поени. На крај краева тука сме за електрониката а се останато прави само дополнителна главоболка.

Се сеќавам имаше еден член со негативна репутација од -30 и кусур :) ама нема да го споменувам сега  кој е. ;D ;D
Репутација имаше, се злоупотребуваше како што објаснивте погоре и веќе ја нема.

Идејата да не се гледа бројот на пораки не ми се допаѓа. Тоа го има на секој форум, незнам што пречи. Сега некој ако е со детски памет па да се фали дека имал ..незнам.. 20.000 пораки на форум за електроника, нека му биде  :o

Инаку се сложувам со идејата што ја кажаа некои претходни членови. Да има репутација, ама не на член туку на секој пост посебно. На пример, ми се допаѓа (или сметам дека е корисен) постот на, на пример Gigawat. Или, опција, сметам дека е бескорисен пост на некој член... во тој контекст, ама таа репутација да не се собира на ниво на член.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Предлог за пораките
« Reply #19 on 17.12.2013, Tuesday, 17:28:00 (Edited 17.12.2013, Tuesday, 17:30:26) »
Идејата да не се гледа бројот на пораки не ми се допаѓа. Тоа го има на секој форум, незнам што пречи.

Мене ми пречи тоа што некои членови го гледаат бројот на пораки и сакаат да имаат што повеќе пораки, па затоа пишуваат сешто по форумов. Инаку и јас првично сакав да се гледа бројот на пораки и да има некој вид на репутација или копче "Благодарам", како на сите странски форуми. Така ќе може тој што го чита форумот да знае каква репутација има членот што ја напишал пораката, и дали да ја земе во предвид или да ја игнорира. Вака е во цел свет, но бидејќи кај нас не може така, затоа јас предложив да не се гледа ни бројот на пораки, бидејќи мислам дека на тој начин ќе се намали бројот на бескорисни пораки.
Жан

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Предлог за пораките
« Reply #20 on 17.12.2013, Tuesday, 17:41:15 (Edited 17.12.2013, Tuesday, 17:43:06) »
Бројот на пораки не е проблематичен сам по себе. Проблематичен е квалитетот на бројот на пораки.
Некој член може да има и многу голем број на пораки ама неквалитетни.
Мојот предлог (група на членови избрана од администрацијата и обележани со друга боја) е применет на еден форум и сега кој и да го прегледува форумот доаѓа до заклучок и знае дека постот од таков член е квалитетен (иако може да се случи и грешка меѓутоа занемарлива) !!!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предлог за пораките
« Reply #21 on 17.12.2013, Tuesday, 22:28:41 »
 Тома! Квалитет  - не само на пораките - ами и бројот на  постирани КВАЛИТЕТНИ ТЕМИ. Значи,има членови кои одговараат квалитетно, но ги нема кога е во прашање постирање нови ,квалитетни теми.Не велам дека тоа не е квалитетно,ама сепак се тоа два квалитета. Или има членови кои постираат само прашања,некои само огласуваат ( најчесто продаваат!!) и после неколку * огласи * ,гледаат дека нема * фајде* од Форумот и бегаат од тука! Јас би увел и систем на престанок на членство,ако со месеци некој не се појавува воопшто ,нити да прочита нешто од Форум ,а се води како член! Друго, би го вовел и системот,да се бришат пораки на латиница ,доколку нема членот оправдани причини - странец или е во странство,а не во стил * извинете - од мобилен* ,извинете моментално немам МК поддршка! Значи ,има многу разни моменти и не е толку лесно да се најде решение кое на сите ке им одговара.Ако сакате може да се избришат оние * називи*- стручњак и сл., ама за тоа нека реши членството.Сепак проблемот е во друг правец - започнете да постирате квалитетни и издржани теми и постови.Често пати реагирам ,не затоа што грешите,ами за односот кон другите членови: например - * Имам расипан ТВ апаратт ххххххххх од 1999 година и тој не пали! Помагајте!!*  И темата е постирана,а членот не се јавува цела недела!!! И на крај по две три страници постови вели - го најдов кварот - ај чао!!! Или се води разговор и се даваат предлози,што да се направи и како,а членот вели - кои напони да ги мерам!?? Немам инструмент!
Па како мислиш да поправиш самиот некој ЛЕД ТВ апарат,а немаш ни обичен Унимер?? Или велите - кај мене ги нема тие делови!!??? Па запиши кои ги има! Да не се глупираме сите! Значи,ако барате помош,не е проблем дали Админ или некој друг член ке ви помогне,ами проблем е да не стварате непотребни постови и на крај да речеш - е,го фрлив во корпа! Ако мислите дека ве бива да го решите кварот во ред,барајте помош! Ама ,ако очигледно не ги разликувате ниту деловите,не превземајте ризик да го изгубите уредот.Затоа постојат ТВ и други сервиси за електроника.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Предлог за пораките
« Reply #22 on 17.12.2013, Tuesday, 23:56:28 »
Ми се чини дека администраторите, модераторите, уредниците и сите оние кои се вклучени во одржување на форумот во функционална и квалитетна форма, се доста толерантни во однос на членови кои и не се доволно стручни во одредената област, а се јавуваат со свои пораки и коментари кои можат некому да наштетат одошто помогнат.
Не знам зошто кога форумот е во приватна сопственост да се дозволува некој да го користи и да се однесува како да истиот е во „државна“ сопственост, па може да си игра со нервите и трпението на членовите задолжени за непречено и правилно фукционирање на форумот. При такви ситуации не треба да се има „милост“ - бан, клуч или бришење на темата. Оној кој е паметен и сака да научи нешто повеќе и ако е заинтересиран за себе, тогаш ќе ги почитува и правилата и ќе биде коректен спрема останатите.
Во принцип не може некој да биде стручњак со излегувањето од школските клупи па и со одлични оценки па и колку солиден ученик е бил!
Понекогаш добивам впечаток дека форумот се користи за ON LINE поправка на одредени апарати или проекти. Не е проблем да се праша, проблем е кога се поставува прашање а се нема основно познавање на материјата која го интересира а на крајот и нема и основни инструментарии за поправка на апаратурите или склопување на проекти.
Предлогот за бришење на членови кои не се активни и не го посетуваат форумот, според мене е легитимно да се бришат. На такви членови форумот не им е потребен па нека си бараат место под сонце каде сакаат.
За оние кои ќе ја постават темата и ги нема со денови а некој сака да му помогне, а „членот“ го нема да одговори на поставени прашања, следува клуч или бришење на истата. Таква тема не е од корист за било кого...
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предлог за пораките
« Reply #23 on 18.12.2013, Wednesday, 00:39:36 »
Дефинитивно ,исто размислуваме.Администрацијата доста размислува како да го унапреди Форумот и да ги поттикне членовите да бидат корисни,а не само да користат знаење од истиот.Под * знаење* подразбирам не само информации во вид на одговорени прашања кои нив ги интересираат,ами дефинитивно до пристап на информации кои можат да се искористат за заработка,за бизнис и сл.Тоа е во ред,затоа повеќемина и членуваат по Форуми.Проблемот е што добар дел од членовите не знае тоа да го искористи,пред се поради недоволно или никакво познавање на материјата или едноставно - нема елементарни познавања од материјата.Како што спомна,за жал,завршени средношколци кои немаат основни познавања од електрониката,а се зачленуваат мислејќи дека е ова Фејсбук,за забава или едноставно - постираат теми ,по неколку едноподруго,за кои основно е само едно - да се реши некој нивни проблем! Притоа забораваат дека не се само тие на Форумот или дека темата е веќе неколку пати преработена,одработена или условно кажано * веќе видена*! Најлошо од се што не сакаат ниту пребаруваат постари теми,дури и во истата тема не ги читаат предходните постови,ами по неколкупати треба да им се објаснува дека  тоа е веќе погоре одговорено или е постирана шемата и сл.
Исто така често приватните пораки се злоупотребуваат во стил * само мене одговори ми*,место да се отвори тема ,па сите на Форумот да читаат,а можеби некому истото му треба! Јас би вовел и една рубрика во која ке се постираат теми без да може да се прашува и одговара: тоа би била таква рубрика која би содржела теми кои се однесуваат на проверени работи ,теоретски или практично објаснети за да може да ги разбере и прифати само оној кој е на тоа ниво на знаење.Значи да ги користи само оној кој ги знае  добро работите ,ама поради некоја работа не бил во состојба да дојде до одговор.Е,тука можеме да направиме *рејтинг* листа која би ја знаеле само во Администрацијата и која би одговарала реално на квалитетот на постирањето.Дури може и темите да бидат * безимени* за членовите односно да не се ни знае јавно кој постирал.Админите би биле тие кои би одлучиле кои теми би влегле во таа рубрика и би останале постојани,без бришење или менување.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Предлог за пораките
« Reply #24 on 18.12.2013, Wednesday, 01:14:06 (Edited 18.12.2013, Wednesday, 01:31:25) »
Инаку се сложувам со идејата што ја кажаа некои претходни членови. Да има репутација, ама не на член туку на секој пост посебно. На пример, ми се допаѓа (или сметам дека е корисен) постот на, на пример Gigawat. Или, опција, сметам дека е бескорисен пост на некој член... во тој контекст, ама таа репутација да не се собира на ниво на член.

Па тоа ми беше и мене идејата, да биде само „локално“, per post, да нема никакво влијание врз репутација или било какво друго рангирање на членот.

Некој член може да има и многу голем број на пораки ама неквалитетни.
Мојот предлог (група на членови избрана од администрацијата и обележани со друга боја) е применет на еден форум и сега кој и да го прегледува форумот доаѓа до заклучок и знае дека постот од таков член е квалитетен (иако може да се случи и грешка меѓутоа занемарлива) !!!

Ви пишав, и на тебе и на Zan, отворете си теми за вашите предлози со анкета за гласање. Во секцијата Општо мислам дека би било најприкладно.

Ми се чини дека администраторите, модераторите, уредниците и сите оние кои се вклучени во одржување на форумот во функционална и квалитетна форма, се доста толерантни во однос на членови кои и не се доволно стручни во одредената област, а се јавуваат со свои пораки и коментари кои можат некому да наштетат одошто помогнат.
Не знам зошто кога форумот е во приватна сопственост да се дозволува некој да го користи и да се однесува како да истиот е во „државна“ сопственост, па може да си игра со нервите и трпението на членовите задолжени за непречено и правилно фукционирање на форумот. При такви ситуации не треба да се има „милост“ - бан, клуч или бришење на темата. Оној кој е паметен и сака да научи нешто повеќе и ако е заинтересиран за себе, тогаш ќе ги почитува и правилата и ќе биде коректен спрема останатите.

Ова го правиме баш со таа цел, дека ќе научат од своите грешки и грешни post-ови/коментари. Толерираме многу, но и толеранцијата веќе ни е при крај.

Понекогаш добивам впечаток дека форумот се користи за ON LINE поправка на одредени апарати или проекти. Не е проблем да се праша, проблем е кога се поставува прашање а се нема основно познавање на материјата која го интересира а на крајот и нема и основни инструментарии за поправка на апаратурите или склопување на проекти.

Идејата на форумот беше да се овозможи на сите оние кои, како што рече, немаат ни основни познавања од електрониката, да може да се вклучат во дискусиите и да научат по нешто. За жал, често не знаат колку не знаат. Тогаш се јавуваат оние ситуации „сакам да направам робот, ама не знам што е кондензатор“ ::). Желбите се големи, ама знаењето... не е секогаш во кореспонденција со желбите :S. И јас сакам да направам камион, ама врска немам од спојки, зглобови, мотори и уште еден куп други работи ;D.

Предлогот за бришење на членови кои не се активни и не го посетуваат форумот, според мене е легитимно да се бришат. На такви членови форумот не им е потребен па нека си бараат место под сонце каде сакаат.

Ова ќе треба да се реализира некогаш, кога тогаш, ќе мора... само се чека на некои други работи за да се направи и ова.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."