Обично овие мотори од машините за перење се со пет изводи.Тоест 5 жици:
1 жица е жолта по боја таа е прва фаза за перење
2 жица е зелена таа втора фаза за перење
3 жица е сина и таа главна намотка се вика или главна фаза на центифругата
4 жица е бела по боја таа е од заедничката намотка
5 жица е по боја црвена и таа е помошна намотка или се вика помошна фаза на центифругата
Е сега за да го споиш моторот да врти на центифруга треба белата жица да оди на фазен приклучок тоест директно на 220 волти.Сината жица треба да се врзе на кондензатор и на фазниот приклучок нулата и црвената жица на другиот пол од кондензаторот исто треба да се врзе. И така моторот ќе врти во десно со околу 3000 вртежи во минута.Вредноста на кондензаторот треба да е од 15 до 20 микро фаради со работен напон од 400 волти.Е сега јас мислам дека четвртата жица треба да е бела провери уште еднаш пошто сите бои се вакви и кај машина Favorit 10 години стара моторот беше со исти димензии како на сликата а боите беа исти како што јас ги наведов тоа е стандарт.Но признавам може некогаш од тој стандарт да се отстапи.Баш Obodin мислам дека е со различни бои но сега сигурен сум дека 4 е бела боја кај сите машини е така.И таа сликата со броевите не ти е точна кој ти кажал дека така оди одбројувањето јас мислам дека е обратно 5 е 1 а 1 е 5 обратно е јас мислам.
.Баш кога го гледаш од одозгора моторот одбројувањето е обратно кажими кој ти кажал дека така оди одбројувањето Пинот 1 е да врти десно пинот 2 е да врти лево пинот 3 е главна намотка или центифругата пинот 4 е заедничка намотка тој мора секогаш да е поврзан или со фазата или со нулата секогаш мора низ нејзе да поминува струја и кога работи споро и кога врти брзо и кога врти десно и кога врти лево а 5 извод е помошна намотка и тој мора преку кондензатор да е споен со пинот 3 за да врти на центифруга машината.А за да врти споро треба да кондензаторот да е споен со заедничката намотка и со пинот број 1 и тогаш врти споро десно а ако го споиш со пинот 2 а нормално другиот крај останува на заедничката намотка и тогаш моторот ќе врти споро во лево.Кој ти кажа дека одбројувањето оди така како на сликата
.Баш ме интересира или ти така самиот си заклучи.Еве види во оваа тема членот dare532 го поврза електромоторот од прва без да се мачи
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=63.0
.Знам дека и кај него беа различни боите но сепак јас му ги погодив сигурно ли неможеш да ги видиш боите тогаш оди според одбројувањето на пиновите предходно во постов ти пишав кој пин е каков и читај во оваа вторава тема објаснето е и како да го врзеш споро да врти.Ама стварно незнам кој ти кажал така дека оди одбројувањето на правиот конектор кај ободин старите машини.
.Кај старите машини имаш 3 вида конектори како овие два на линковиве и третиот е прав и тој се користел само кај ободин овој твој мотор еднаш го имам видено во ободин машина нели па по тоа се подразбира дека е од ободин машина а и ти сам си пиша дека е од таа марка.
Но сепак пак ќе те прашам кој ти кажа дека одбројувањето на правиот конектор оди така.