Истата песна се повторува по којзнае кој пат. Ваквите теми ми станаа мене лично - досада! Секоја чест што сакате да помогнете сите вие,но оној што ја постираше темата не удоволи само еднаш со извинување што ни пишува латиница! И сите предупредувања,насоки,предлози не се доволни ако не е пред тебе апаратот; не секогаш е ужасен квар,туку можеби ситна работа која сопственикот не може да ја уочи.Лично мислам дека повеќето членови кои прашаат ,немаат никакво искуство,шема,инструменти,ниту делови да поправат нешто.Значи,преиспитајте се дали навистина можете да го поправите апаратот само со помош на советите.Ако е толку лесно едноставно нема да има сервиси и сервисери.И не ме чуди што во еден сервис видов вааква порака: Ако знаеш да си го поправиш апаратот само од мојот совет,не ми го носи на поправка!