Еве еден туторијал како да си направите демагнетизатор за демагнетизирање работи(алат) кој не треба да е намагнетизиран.
Што ви треба:
-Стар EI трансформатор кој нема да го жалите ако го растурите
-Чекан (алат за секоја работа)
-20 минути од вашето скапоцено време (5 минути за читање и 15 минути за правење на демагнетизаторот)
Мојата жртва {изваден од КИНЕСКИ surround system (за тоа не ми беше жал што сум го растурил)}
Првин трансформаторот треба да се растури, а тоа го правиме со чекан, се прави така што го навалуваме трансформаторот на една страна и го маваме трансофрматорот по ќош се додека не почнат да се вадат I лимовите.
мала забелешка–на сликата не е трансформаторот што го користам за демагнетизирање, тој е само за да го сликнам како се вадат I лимовите.
Растурениот трансформатор
Еве како изгледаат тие EI лимови ако некој незнае (мислам дека е очигледно)
Одкако сме го растуриле трансформаторот додека трепнеш треба да го составуваме, ама првин треба да се извади секундарната намотка дали се посебно намотани или една намотка врз друга не е важно, важно е да се извади секундарот. Кога ке го извадиме секундарот треба да ги вратиме Е лимовите назад, ама само Е лимовите. Треба сите да се свртени во ист правец како на сликата.
Одкако ке ги вратиме Е лимовите назад треба да се тестира демагнетизаторот. Најдете нешто што веќе треба да го демагнетизирате или пак ако немате текво нешто земете најобична завртка допрете ја до некој магнет и ке се намагнетизира, за проверка дали е магнетизирана завртката можете да пробате да кренете некое мало металче (дали ке биде друга завртка, навртка или што и да е). Сега таа завртка треба да се демагнетизира а тоа се прави така што завртката (предметот што треба да се демагнетизира) се става на јадрото од демагнетизаторот и се пушта да работи и предметот што треба да се демагнетизира се влече на страна и кога ке го тргнеме од демагнетизаторот предметот треба да е демагнетизиран, доколку не е ја повторуваме истата постапка неколку пати.
Истиов туторијал го има и на
http://www.instructables.com/id/Tool-demagnetizer/
исто напишан од мене(на англиски) !
ако има нешто што не ви е јасно...прашајте...