Еве една едноставна шемичка за контрола на степ мотор (поточно трофазен мотор) од HDD
, за оние кои сакаат да изработуваат брусилки, острилки, мини шмишајбнички и слични работи
. MOSFET-ите не мора да се баш BUZ-11, скоро секој моќен N-канален MOSFET ќе заврши работа
. Заедничкиот извод на моторот е оној кој во однос на другите три изводи дава најмала отпорност
. Напонот за напојување на колото е +5V, така да, ќе треба да имате на располагање и некој стабилизиран извор за напојување или евентуално да направите стабилизиран извор за напојување со фиксен излезен напон од +5V. Во конкретниот случај, напонски регулатори од типот на 7805 нема да завршат работа бидејќи моторот на почетокот (при spin-up) повлекува многу повеќе струја отколку кога работи во „нормален режим“. Со овој проблем сигурно сте се соочиле ако сте ги користеле оние IDE/SATA-To-USB Кинески конверторчиња, кои доаѓаат заедно со едно евтино напојување. Често се случува ова напојување да не може да даде доволно голема јачина на струја за start-up на моторот на HDD-то, па ако го држите во рака HDD-то, осеќате како HDD-то сака да „се подигне“, но не може и цело време се врти во циклус start-up <--> shut down
. За да немате проблеми при подигањето на моторот, пожелно е напонскиот регулатор да може да даде јачина на струја од барем 2A (подобро е 3A)
.
Шемата ја немам пробано, но ја добив од некој кој ја има пробано и функционирала
. Можно е да треба определени вредности на компонентите малку да се „подесат“ во случај да ги немате баш наведените полупроводнички компоненти, но тоа се нагодувања и не би требало да бидат претешки
. Потенциометарот од 10K е за регулација на бризината на ротација на моторот
.
Плочка за шемата немам, но прилично проста е, дури може и во воздух да се изведе
, а ладилно тело за MOSFET-ите (и евентуално напонскиот стабилизатор) може да биде самата алуминиумска шасија на HDD-то
.
Еве ја шемата.
Инаку, оваа шема е наменета за HDD-иња кои имаат 4 изводи за контрола на моторот (ѕвезда конфигурација на намотките). Поновите HDD-иња (2000-та година па наваму) најчесто имаат ваква конфигурација. Некои постари IDE HDD-иња и SCSI HDD-иња имаат само три изводи (триаголник конфигурација на намотките). Оваа шема не е наменета за такви HDD-иња.
Околу избор на HDD, пожелно е да најдете некое HDD како на сликата подолу, каде што горниот капак го покрива и страничниот дел од HDD-то
.