Author Topic: Ке ми треба комплетна шема за миксета со тонски контроли заедно со ППК  (Read 3145 times)

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Ке ми треба комплетен проект за миксета со бар 4 аудио влезови стерео 2 микрофонски и на секој стерео влез да има бар по 5 банден еквилајзер.Благодарам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Диме,четири канала во ред,ама нема *стерео микрофонски влезови* - има микрофонски влез ( каков микрофон ке врзеш??),а потоа со *пан* се двои на лев и десен канал! И не се става на секој влез петканален еквилајзер. 8) Еквилајзерот остави го на крај ,на излезите (лев и десен).На секој канал може да ставиш  дво или тро појасна тонска контрола.

moliv

  • Guest
Имаше во Емитер порано гледав,комплет ,со се ппк,работена е доста пати дури и за школски натпревари така да знам дека е во ред.Е сега треба да беше само со двостепена тон контрола ама и доволно ти е....

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Посекако микрофонските влезови ке бидат моно, но аудио влезовите сакам бар да има на секој влез стерео по 5 банден еквилајзер и на собирачот пак да има еквилајзер и ву метар.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
користете запирки, некогаш психопати ќе ве мислет :D

ова „пан“ шо значит? :D

а потоа со *пан* се двои на лев и десен канал!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Pan = Balance, left <--> right speaker ;). Дали да се слуша повеќе на лев или на десен канал ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
5 банд EQ?  ??? Што ке миксаш на ова?!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Посекако микрофонските влезови ке бидат моно, но аудио влезовите сакам бар да има на секој влез стерео по 5 банден еквилајзер и на собирачот пак да има еквилајзер и ву метар.

На ниедна миксета ( и професионална да е !) нема на две места каде мине сигналот по два еквилајзера!?? Секој канал има обично гејн,волуме,басови,средни ,високи,пан/баланс,прекинувачи за подгрупи,монитор ,преслушување итн.По собирната шина обично има еквилајзер,па ефекти ( ехо/хал).Тоа е во основа,а подобрите миксети имаат филтри,подгрупи,in/send  за надворешни ефекти, слушалки.

Еве пример:

Споено мислење: [time]11 Декември 2013, 23:42:44[/time]
Моментално овој Беринџер го користам,па кога да видиш нема еквилајзер на секој канал! :D :D


Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Pan = Balance, left <--> right speaker ;). Дали да се слуша повеќе на лев или на десен канал ;).
баланс знам што е, конкретно зборов...иначе муабетот беше како што е истиот сигнал се пушта само на 2та канали, (нема атомска физика?!) :D

берингер како марка задоволни сте? шо имате користено? :)) (на муабетот)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Беринџер е супер за парите. Далеку е од профи опрема....

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Беринџерот на сликата е шест канална миксета која е наменета за озвучување на терен,поради малите димензии и можностите.Со неа може да се озвучи помала група музичари,потоа е добра за радио,за снимање на терен.Има на секој канал XLR/jack 6,3 mm ,gain control,filter hi/low.treble,mid,bas ,group 1/2, monitor,efect 1/2  volume shanel ,потоа има  дигитален ефект со 99 пресета, еквилајзер, group master 1/2,master volume L/R.Освен микрофонските ,од 7-12 има  уште 6 линиски канали со влезови излези ,џекови 6,3.излезни и влезни џекови за ефекти,монитор,слушалици итн. Мал,прегледен сигурен за работа.Нема да те зезне никогаш.Фалинка му е пресетот за ефекти ( нема некои ефекти,бои,можности)ама ехо/ хал со една педала однадвор се решава ;D За парите е идеално магаре! И како за радио е измислен! ;D ;D

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Во овие миксети се се врти околу JRC4558.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Овде не расправаме за професионални,студиски миксети.Диме сака шема за да си направи миксер за радиото,ама има некои чудни желби  ;D
Еве мој предлог за самоградба.Првата шема е еден микрофонски/линиски канал со пан потенциометар за L/R излез ,ефект ,со боја на тонот,гејн.мастер .Освен 4558 второто ИК е TL071.И една шема на собирна шина ,најобична верзија,Успехот вреди за вложените пари и за 4 канала не би требало повеќе од 20 ЕУ да чини,а ако Диме има некое делче,и помалку. Критични се клизните потенциометри и од нив зависи и квалитетот на уредот ( во најголем број на случаи) 8)

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Еве еден линк ако мислевте на ова чудо ова е комплетна миксета

Code: [Select]
http://www.yusynth.net/Modular/EN/MIXOUT/

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е,па Диме,ова е попроста миксета од она што јас ја постирав.На секој канал нема ни боја на тон ( таа е заедничка на излезот!) .И друго,не видов добро,ама моно ми заличе мене,а не стерео,Она мојана има бас ,средни ниски,средни високи,и високи, гејн, волуме, пан потенциометар,излез за ефект итн.Се друго може да се додаде. На микрофонскиве миксери дури не е ниту потребно на излезот да ставаш боја на тон.Таа се става на секој канал посебно и толку.