За хард диск не треба да има царина, само ддв. Меѓутоа многу често цариниците не се замараат, па на многу производи им ставаат фиксна царинска стапка (ова е 15% за било што, доколку е пратено од човек на човек, не од фирма на човек). Во вакви случаи треба да одиш да се расправаш во царина, па да се докажуваш што е пратено, како е пратено, па изводи од банка за сумата дрн дрн. Мене неколку пати ми се има случено да се расправам со нив.