Обично овие мотори од машините за перење се со пет изводи.Тоест 5 жици:
1 жица е жолта по боја таа е прва фаза за перење
2 жица е зелена таа втора фаза за перење
3 жица е сина и таа главна намотка се вика или главна фаза на центифругата
4 жица е бела по боја таа е од заедничката намотка
5 жица е по боја црвена и таа е помошна намотка или се вика помошна фаза на центифругата
Е сега за да го споиш моторот да врти на центифруга треба белата жица да оди на фазен приклучок тоест директно на 220 волти.Сината жица треба да се врзе на кондензатор и на фазниот приклучок нулата и црвената жица на другиот пол од кондензаторот исто треба да се врзе. И така моторот ќе врти во десно со околу 3000 вртежи во минута.Вредноста на кондензаторот треба да е од 15 до 20 микро фаради со работен напон од 400 волти Е сега порано кај постарите мотори имаше 6 изводи тоест жици и тие се:
1 жица е по боја црна таа е од заедничката намотка тоест од заедничката фаза за перење
2 жица е по боја зелена таа е првата фаза тоест брзина за перење
3 жица е по боја жолта или кафеава кај тие првите мотори од горење и ова жица е втората фаза тоест брзина за перење.
4 жица е бела и таа е заедничката намотка за центифругата или фаза за центифругирање
5 жица е по боја црвена и таа е помошната намотка тоест помошната фаза за центифругирање
6 жица е по боја сина и таа е главна намотка или главна фаза за центифругирање.
Е сега тебе за косилка ти треба центифругата да ја поврзеш ако е мотор со 6 жици тогаш треба белата жица да оди директно на 220 волти на фазниот приклучок сината жица треба да оди на едниот пол од кондензаторот и на нулата тоест фазниот приклучок,а црвената жица да се поврзе на другиот пол на кондензаторот и така моторот ќе врти во десно со отприлика 3000 вртежи во минута.И секогаш не заборавај кај овие мотори има еден штраф на него се поврзува заземување поврзиго со жолто-зелената жица од кабелот заради безбедност.
Е сега Даниел ова е од еден мој претходен пост претходно исто така членот dare532 побара шема за мотор побарајте малку низ форумов и сликајте ми ги вашите мотори и ставете ги на форумов ако случајно е некоја друга боја ќе ви дадам други шеми од една книга за машини перење.Инаку паметно што ви текна да со мотор од машина за перење да правите брусалка а не со онаа глупоста алтернатор од автомобил како прво нема шанси тој да работи повеќе од една минута и да го врзеш точно.Сликајте ги моторите и ако има проблем слободно пишете ќе одговориме.Наскоро и шеми следат ама ова не е многу комплицирано еве членот dare532 кога праша дури и бес шема го поврза моторот одејќи по моето горнонаведено објаснување.