Што се однесува до сликите.
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)
Upload-ирај ги сликите на екстерен host
но не ги вади од attachments, тоа е наша работа. Ако ги извадиш од attachment, се губи врската меѓу името на сликата и кодираното име кое скриптата и го дава на сликата и потоа не може да се лоцира сликата на серверот и не можеме да ја избришеме. Стои, ама никој не знае под кое име стои. Значи, кратко и јасно, upload-ирај ги сликите на екстерен host и не ги вади од attachment на post-от. И не се чуди ако ги upload-ираш на imageshack или на некој друг host кој не е photobucket или tinypic, а си го видиш edit-иран post-от со други линкови до сликите на photobucket.
Инаку, квалитетот на сликите е катастрофа, скоро ништо не се чита од нив. Напоменав дека е пожелно е сликите да бидат направени со дигитален фото апарат, а не мобилен телефон
.
Не го спомнав ова за џабе, ми требаше да видам некои податоци од сликите кои не може да бидат толку прецизни ако сликата е направена со мобилен телефон.
Што се однесува до кодирањето на линковите.
Еве како правилно да ги кодирате вашите линкови:
Значи не е важно само да направите copy/paste туку треба линкот и малку да го уредите.
Со ова ќе се добие да не се спамира и да не се рекламираат туѓи форуми, страни, портали
а и е своевидна заштита од хакери. Плус тоа вие самите ќе се заштитите од понатамошни расправии со администаторите / модераторите
Линкови кој водат до некој одреден дел во форумот не мора да се кодираат, исто така не мора да ги кодирате линовите од видеа (пр од youtube )
Инаку со последната слика всушност ми ја разјасни ситуацијата. Засилувачот е во woofer-от, така? Епа ако е таква ситуацијата, повторно ќе те прашам, дали DVD плеерот има стерео (не 5.1) Aux In или не? Сликај или пиши. И ако има, дали може рачно да бираш кој влез ќе биде активен (DVD, FM, Aux), без далечинско.
Прашањава не се поставуваат за џабе. Колку повеќе информации имаат членовите кои сакаат да ви помогнат на располагање, толку е полесно за нив да ви помогнат. Со слики со лош квалитет, сликани од мобилен, без адекватно осветлување, без блиц, во вакви ситуации (Кинески no name брендови) не може да ви помогнеме. Од една страна сакате помош, но од друга, не одговарате на поставените прашања и барања
. Не се чудете ако не добиете одговор.