Author Topic: Дизајнирање на звучни кутии  (Read 6816 times)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Дизајнирање на звучни кутии
« Opened on 28.11.2013, Thursday, 15:40:36 (Edited 28.11.2013, Thursday, 15:44:35) »
Бидејќи многу често се развива жустра полемика овде како тоа се прави, еве едно четиво кое доколку навистина сакате да научите како тоа правилно се работи, многу ќе ви помогне.

Се надевам дека со ова ќе се стави крај на сите излишни дискусии понатаму и ќе се фокусираме на тоа како со конструктивни сугестии на некој член овде му помогнеме да дојде до подобар резултат.

Code: [Select]
http://www7.zippyshare.com/v/20900849/file.html
И пак незнам како да го кодирам линкот  :-[

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #1 on 28.11.2013, Thursday, 16:22:30 (Edited 09.09.2019, Monday, 16:41:33) »
И пак незнам како да го кодирам линкот  :-[


Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
еве едно четиво кое доколку навистина сакате да научите како тоа правилно се работи, многу ќе ви помогне.

Се надевам дека со ова ќе се стави крај на сите излишни дискусии
Џабе се трудиш Marjan Milosevic, истава книга GigaWatt ја стави на форумов за даунлоад пред скоро една година,ево ја
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10231.0па и даље batka не признава дека само со ТС параметери се прави добра кутија.. а и GigaWatt го подржава.. а другите си молчат..

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #3 on 28.11.2013, Thursday, 17:30:15 (Edited 28.11.2013, Thursday, 17:39:40) »
Најинтересен дел од книгава ми е оној дел каде објаснува кои компоненти како влијаат на драјверот и неговиот звук :) Инаку прекрасна книга, можда малку преопширна за некој што почнува прв пат да прави звучници.

Споено мислење: 28.11.2013, Thursday, 17:39:40
Батка не ни признава дека треба да се мерат звучници со микрофони и теле-смал, не па другото. Секој си има право на мислење нели...

КАко и да е, откако се познати ТС параметрите на звучникот многу е лесно да се дизајнира кутијата со помош на софтвер. Даваат убави графици, одма пресметуваат Qtc и даваат прецизни информации. Е сега понатамошна изработка лежи на дизајнерот и вичноста на мајсторот  :)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
прекрасна книга
Ептен се слагам.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Епа незнам што понатаму да кажам. Ако Батка (или некој друг) мисли поинаку, бујрум нека донесе негова кутија правена по негово (ама комплет негов производ а не копија на некој фабричка кутија) па да споредиме со кутија правена според правилата како тоа се работи. Па да споредиме.  ;D
Да измериме фреквентна карактеристика, фазна карактеристика и да слушнеме кое како звучи.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
нема една тема растурено за тоа како се дизајнира звучна кутија, еден што прави нешто на еден начин друг на сосема трет начин го прави зашто мисли дека така е правилно и неможеш да докажеш кој е во право, исто како за која музика е подобра, еден за транс вика само дуп дуп дуп се слуша, друг има друго мислење за тоа и вечна дебата ке биде. Секој нека си тера како што знае
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #7 on 28.11.2013, Thursday, 20:33:09 (Edited 28.11.2013, Thursday, 20:35:06) »
Јас ви кажувам како тоа го прават професионалците. Ако мислите дека сите тие инженери на незнам ЈБЛ, Електро Воис и така натаму се будали што се држат до правилата тогаш терајте како мислите.
Куќа може да ја направиш да изгледа како сакаш. Но сепак нема да тргнеш да ја правиш од кровот.

И извинете што се обидувам да ве насочам кон единстваниот начин кој може да даде совршени резултати.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Во ред е сето тоа, но да не заборавиме, форумов е отворен за сите и професионалци и аматери и почетници во електрониката и корисници што немаат никаква допирна точка ниту со електроника, ниту со изработка на звучни кутии, па сепак сакаат да изработат своја звучна кутија, независно од тоа колку лошо ќе звучи, сепак тие ќе бидат задоволни од сопственото дело.
Жан

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Освен мене ,Гига Ват изгледа и Бојан е *тука некаде*.Бидејќи вкусовите се различни ,а за * вкусовите не треба да се разговара* очигледно е дека дискусијава на самодокажување не води никаде.Затоа, отварајте си теми како на кој му одговара: има на Форум многу членови па секој нека си ја гледа темата,без критизирање -критика освен нас нека даде и остатокот на Форумот.
Значи,секој нека си  тера по свое,па ке видиме ,кој ,кому и што ке верува или нема да верува.Испод чест ми е ,за разлика од некој, некого поради неговото мислење да наречам лажго ( верувам дека ке биде тоа санкционирано),а ако некој  мисли  дека знае подобро нека си отвори тема,две ,три...и таму нека си пишува,нека си прави проекти,се во интерес на Форумот.Ова посебно важи за Милошевиќ,од кого еве очекуваме една добра тема ,со цртежи ,мерки, пресметки...За Маки веќе знаеме.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Жан, искрено незнам што би барал некој кој нема појма од електроника и глобално физика на форумов. И јас би сакал да поправам заби ама не сум стоматолог.
Така да тие останатите треба да се самообразуваат ако сакаат нешто да направат. Токму затоа и книгата во линкот. За да научат.
Ама пак од друга страна некој кој незнае што е омажа, импеданса, децибели, ку фактор резонантна фреквенција и уште едно чудо работи, нема што да се обидува да прави звучници нити пак ќе разбере што пишува во книгата.
Има луѓе како Батка на пример што си имаат сервиси и работилници и што ќе им направат то што им треба.

Во твојов муабет лежи добар дел од проблемот овде во државава наша.
А тоа е дека сите мислат дека се знаат.
Тоа што незнаеш дај му на тој што знае да ти го направи.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Во право си 100%. А за тоа што сите мислат дека се знаат, можеби има големо влијание и економската ситуација во нашата држава, но не навлегувам во тоа, сепак не е за овој форум.
Жан

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #12 on 28.11.2013, Thursday, 20:55:11 (Edited 28.11.2013, Thursday, 20:57:12) »
Батка, има толку планови по интернетов да е залудно јас да ги измислувам наново.
Сигурно нема да дадам план и пресметки за кутија која ја произведувам бидејќи од тоа живеам. Ниту пак сметам дека некој овде на форумов може да си ги дозволи компонентите што јас ги користам.

Од друга страна пак тоа што јас го работам и каде што ми лежи поголемиот дел од знаењето се разгласните системи. Домашни кутивчинја од 30-50-100 вати тотално не ми се интересни нит пак сум правел нешто слично веќе повеќе од 20 годни.

Ако некој реши да прави разгласна кутија нека каже и ќе му помогнам сесрдно.
Само немојте да барате од мене помош за кутии за кои имате намера да користите компоненти кои немаат веродостојни параметри.
На пример П-Аудио, параметрите што ги објавуваат им се катастрофа и немаат врска со реалноста.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Quote
а другите си молчат..
не дека си молчат туку повекето се плашат да напишат нешто, бидејки може да ги банираат ако на некој нешто не му одговара. инаку и јас побарав помош, иако си признавам не сум баш супер математика, ама барем можеше некој нешто да посочи што како, а единствено што јас добив беа навреди, критики дека драјверите не чинеле и демотивација.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па Марјане,мислам дека тогаш си го згрешил Форумот.Македонија навистина пати од стручњаци,ама ова е Форум ,на кој основата е тој што не знае да научи нешто.Ако не сакаш да ставиш некоја конструкција во ред,никој нема да те укори за тоа,ама остави ги дечкиве нека пишуваат,макар и глупости,нека прават макар и фалшиви кутии - ама нека прават ! Со читање и фантазирање ништо! Нека згрешат,еднаш двапати и нека научат нешто.