Author Topic: Дизајнирање на звучни кутии  (Read 6815 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #30 on 29.11.2013, Friday, 21:02:43 (Edited 29.11.2013, Friday, 21:06:54) »
Е,е што не сум се изнаслушал! :D Посебно правени и плетени кабли на рака со изолација од влакна од камила ... абе,има се и свашта .Дури и ме прашале дали да слушаат музила во полузатемнета или сончева соба - подобар звук наводно се добивал во полумрак!?  ;D Велам - зависи од музиката и од мезето,параметри не спомнав 8)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Да да и јас има слушнато за тие разни глупости.Ко демек потенок кабел за струја на ЦД плеерот подобро било.Подобар звук давал.
Quote
плетени кабли на рака со изолација од влакна од камила ... абе,има се и свашта
.Ама ме изнасмеавте батка  ;D :) :) :) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па цело време тоа сакам да ви го кажам: ако сте почетник и ви е страв и да помислите на сите тие пресметки,а прв пат правите кутија и тоа со малку пари,тогаш бадијала ви се сите параметри,сите  хај фај правила итн.Значи сакате да започнете со нешто и знаетре дека тоа нема да биде нешто врвно,али бар да ве задоволи лично вас.Значи оној мој напис не е срочен за да ви пресмета кутии,ами да ви укаже како да започнете без да ве уплаши силната реторика на хај фистите. Иако некој покауша да ме претстави како човек што ги мрази параметрите на звучниците,ке видите дека таму ги објаснувам кој е кој и за што се,но го вртам проблемот како,ако ги немате или ако не знаете и не можете да ги пресметате.
Јас во една пригода дадов и слики и го прикажав начинот како јас го тестирам секој нов драјвер.
Освен тон генератор ,појачувач,осцилоскоп,користам микрофон лаптоп и мој софтвер за следење,снимање и графичко преставување на добиениот сигнал на звучникот.Навистина софтверот е лично мој и тоа е она што ги буни другите.НЕ би сакал за тоа да пишувам тука,тоа е мој личен труд и не мислам ниту да продавам нешто,ниту да позајмувам или вршам некакви јавни тестови.И тука е  она двојба кога ке кажам дека го одредувам прво волуменот на кутијата и соодносот на страните спрема дадената литража на кутијата.Имам неколку кутии ,односно * кутии во кутии* ,а кои лесно им се менува волуменот,па уште при првобитното тестирање на некој звучник можам со 99% сигурност да кажам во кој волумен ке свири добро тој звучник.Е,сега ке почнат да ми замеруваат ова или она,но споредбено со долгорочното пресметување на параметри,па пресметување ова-она,мојот метод е многу пократок ,поедноставен а кога ги споредувам постигнатите резултати и оние од пресметките,скоро во 98% се поклопуваат.Така е кога прв пат работам со некој звучник.ЧЕсто сум вршел проби истиот драјвер да го ставам и во бас рефлекс и компресиона и ТЛ кутија.Иако тврдењата се дека секој драјвер секаде не свири,сепак многу пати се покажало обратното- оној што сите го вреднуваат за звучник во бас рефлекс,да свири одлично во компресиона кутија и обратно!
Но,сепак  го почитувам секој кој има иницијатива нешто да направи.Реков,и да згреши не е страшно,се е школа.Ако имате можност некој да ви даде или сече иверица ,измерете си и направете неколку кутии со различна литража и пробајте вашите драјвери да ги слушате во различни волумени,во различни средини и стриктно бележете ги добиените резултати.
Не велам дека сум јас најдобриот мајстор во МК за кутии - далеку од тоа,има поамбициозни и позасегнати од мене.Јас  сега поретко сечам иверка и лепам кутии.Секоја моја упатена мисла на форумов не  е да  се истакнам или пак важен да се направам,ами да помогнам, најдобро намерно ,а при тоа никој да не биде оштетен.Драјвери,односно звучници никогаш не сум продавал и јас ги купувам кај ке стигнам,но во последно време луѓето сами си купуваат,а јас само ги составувам кутиите,свртниците .Усвирувањето го правам со мајстор Крсто и неколкумина доброволци ;D,на кои им е важна само музиката која им ја пуштам преку звучниците,ама се добри слушатели  и коректори.Значи ,како заклучок,не се плашете дека многу ќе згрешите првиот пат,затоа што се е школа.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Јас користам нешто слично во ТЛ кутиите. Онаа затворена страна која се наоѓа под звучникот ми е варијабилна, ја поместувам нагоре надоле, со што се менува и должината на цефката. ПРи тоа мерам Qtc на драјверот и го местам на точни 0.71 или 0.56.